info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

Назив / Седиште
Balojani Tourist Services
БАЛОЈАНИ ДМЦ ДООЕЛ
Ул. Влатко Миленкоски бр.1, 7000 Битола, Република Македонија
Телефони: +389 47 220-204, 203-203
E-Mail: reserve@balojani.com.mk , Интернет: www.balojani.com.mk

Законска форма
Друштво со ограничена одговорност. Фирмата е регистрирана во Централниот регистер на РМ.

Персонал / Квалификации
Пет перманентно вработени и три повремено. Тројца со високо, и двајца со више образование.
Познавање на странски јазици: Англиски, Грчки, Германски, Српски, Хрватски, Бугарски.

Управување:
Горки Балојани, продукт менаџер, со над 25-годишно искуство во туризмот.
Елефтерија Балојани, менаџер на продажба, со над 10-годишно искуство во туризмот.

Видови активности / Понуда
Рецептивен и емитивен туризам:

Организација и реализација на индивидуални и групни пакет аранжмани: летување, зимување, семинари, туристички програми со различно времетраење и содржини (културни, едукативни, спортско-рекреативни, научни и др).
Специјализирани еко и рурални тури, планинарски, пешачки ловни и авантуристички програми.
Услуги за сместување, транспорт, исхрана, стручни водичи.
Авионски, железнички, автобуски и бродски билети за сите дестинации.

Компетенции
Долгогодишно теренско искуство и специјализираност во организација и реализација на автобуски тури.
Детално познавање на патната инфраструктура и условите на планираните дестинации.
Директен контакт и тесна соработка со одделните провајдери (хотели, ресторани, превозници и др), лично и постојано следење на спремноста и квалитетот на услугите и исполнувањето на договорените обврски,
Обезбедување на професионални придружници-лиценцирани водичи, од граница до граница, кои ги даваат сите потребни информации и податоци , како попатно, така и на локалитетите што се посетуваат, се грижат за исполнувањето на програмата, квалитетот на услугите, како и потребите и личниот комодитет на патниците-во соработка со персоналот на партнерскиот туроператор.
Обезбедување на високо обучени водичи и персонал, потребна пратечка опрема и транспортни средства при реализација на специјализираните екскурзии и атракции.

Сервиси за туроператори
Детализирани итинерери со сите потребни оперативни и теренски податоци (географски, временски и содржински).
Мапи со назначени дневни рути, километража, ефективно возење, паузи, топографија.
Помош при граничните процедури, легалните формалности, безбедносни ,здравствени и други сервиси.
24-часовна логистичка поддршка за времетраење на турата. Целосно покривање во случај на дефект на возилото или сообраќајна незгода, со обезбедување на друго соодветно возило за изведување на турата, потребно шлепување и сервис на оштетеното возило (во договор со партнерскиот туроператор).

Поддршка при промоција и рекламирање на турите преку обезбедување со потребните матерјали (слики, текстови, информации, видео записи, човечки ресурси и др). Заедничко организирање на Инфо-тури за посебни целни групи или субагенти на туроператорот.

Лиценци / Членство
Лиценциран Туроператор со А-лиценца издадена од Министерството за Економија на Р. Македонија.