info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:
Патникот за патување може да се пријави во сите агенции на организаторот на патувањето ( во текстот- организатор) и другите овластени агенции (во текстот: посредник ). Кога посредникот во потврдата за патување не го означи својството на посредник одговара за извршување на програмот за патување како организатор.
Пријавата станува полноважна кога е потврдена заклучно со пишаниот договор- потврда за патувањето ( во текстот-договор ). При пријавување, патникот е должен да уплати аконтација во висина од 50% од цената на аранжманот, а остатокот од договорената цена 15 дена пред почетокот на патувањето, ако со програмот на патувањето не е поинаку назначено. Доколку патникот во одредениот рок не ја изврши уплатата во целост, се смета дека патувањето е откажано.

ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ:
Право и обврски на организаторот се:
1) Да се издаде на патникот договор за патување;
2) На патникот да му се обезбедат општите услови за патување како и програмот;
3) Да се понуди на патникот осигурување кое се состои од: а) здравствено осигурување на патникот за време на боравок во странство, б) осигурување на багаж и осигурување од последица на несреќен случај и осигурувње од отказ на патувањето;
4) Да се грижи за правата и интересите на патниците, согласно добрите службени обичаи во оваа област;
5) Да исплати на патникот адекватна надокнада по повод благовремен и основан пишан приговор заради деулмно или во целост неизвршените услуги кои биле опфатени со програмот на патување.

ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ:
Право и должност на патникот е да :
1) Во целост да се запознае со програмот за патување, општи услови на патување и осигурување, што при склучувањето на договорот ( во свое име или во име на корисникот за чии потреби го склучува договорот ) потврдува согласувајќи се со клаузулата ‘‘ Запознаен/а со програмот и општите услови за патување и во целост ги прифаќам. Потвдувам дека ми е понудено патничко осигурување‘‘;
2) Да ја уплати договорената цена под услови и на начин предвиден со програмот за патување;
3) На организаторот благовремено да ги достави сите податоци и документи потребни за организирање на патувањето;
4) Гарантира дека неговите патни исправи, багаж и др.ги исполнуваат условите одредени со правилата на нашата земја, транзитната и земјата во која патуваат (гранични, царински, монетарни и други правила );
5) Да исплати надокнада на организаторот или на трето лице со кршење на законски и други прописи;
6) Да одреди друго лице да патува на неговото место (под услов да тоа лице ги исполнува условите предвидени за одредено патување), и ги надокнади на организаторот реалните трошоци предизвкани со замената.

ЦЕНИ И СОДРЖИНИ НА ПРОГРАМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ:
Цените се искажани во странска валута , а уплатата се врши во денарска противвредност по продажниот курс на Народна Банка на денот на уплатата , ако во програмот на патувањето не е поинаку предвидено. Цените се формирани по основа на работната политика на организаторот и не можат да бидат предмет на приговор-рекламација. Организаторот може да предвиди да услугата која се користи исклучиво во странство, патникот да ја плати директно на ино-партнерот. Туристичкото патување ги опфаќа најмалку следниве две услуги: услугата на превоз, туристичкиот водич-придружник, сместувањето, храна или припрема и организирање на патувањето, за чии услуги со програмот за патувањето е дефинирана една единствена цена. Доколку е тоа наведено во програмот за патување, туристичкото патување може да содржи и аеродромски такси, како и трошоци за стручен и локален водич и др.
Цената на аранжманот (доколку не е друго договорено) не опфаќа:
1) Факултативни излети,
2) Трошоци за издавање визи,
3) Влезници за објектите кои се посетуваат,
4) Осигурување, кое се договара посебно,
5) Дополнителни услуги: Рум сервис, користење на собниот бар, клима уред, спортски, лекарски, телефонски и др. услуги.
Сите посебни услуги ( еднокреветна соба, дополнителни оброци и слично), патникот посебно ги плаќа и должен е да ги нарача при пријавата на патувањето. Доколку патникот бара посебна услуга за време на патувањето, истата ја плаќа на претставникот ино-партнерот во валута на земјата во која се наоѓа, односно на непосредниот давател на услугите. Организаторот не може да биде одговорен за факултативните и дополнително извршените услуги по барање на патникот, а кои ќе ги изврши и наплати ино-партнерот, односно непосрениот давател на услугата, која не била предвидена со програмот за патување.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИ И ПРАВО НА ОТКАЗ ЗАРАДИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦЕНИ:
Организаторот на патувањето може да побара зголемување на договорените цени ако после склучениот договор дошло до промена на курсот за размена на валути: домашната валута во однос на валутата искажана во ценовникот и во сите други случаи промена на курсот во однос на објавената валута во програмот за патување, или до промена во тарифите на превозникот. За зголемување на објавената цена до 10% не е потребна согласност од патникот, а зголемената цена може да се однесува само на делот на услугата која не е платена од страна на патникот. Ако зголемувањето на договорената цена преминува 10% патникот може по писмен пат да го откаже договорот без обврска за надокнада на штета, но најдоцна во рок од 48 часа од доставувањето на писменото известување за зголемената цена во кој случај има право да ги бара средствата кои ги уплатил на организаторот. Доколку во назначениот рок патникот по писмен пат не го извести организаторот дека се откажува од договорот, ќе се смета дека е согласен со новата цена.

КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ:
Понудените објекти за сместување и превозните средства и др. во програмите на организаторот се опишани според службена категоризација на домашната земја во времето на објавување на програмите за патување. Исхраната, комфорот и другите услуги се категоризирани по локално национални услови од страна на домашната туристичка управа, а стандардното сместување и услугите се различни и не се споредливи по дестинации.

СМЕСТУВАЊЕ, ТРАНСФЕР И ПРЕВОЗ:
Доколку патникот на го конкретизирал своето смесатување со посебни одлики, ќе прифати било кое службено регистрирана единица за сместување.
Во објектот опишан во програмот за патување. Патникот ја превзема обврската за запознавање и почитување на правилата за однесување во одреден објект за сместување кое може да се однесува на депонирање на пари и други драгоцени и вредни работи, внес на храна и пијалок во соба, почитување на редот, невозможност за сместување во соба пред одреденото време, број на лица во соба, обврската за напуштање на соба во одреденото време и сл.
Организаторот не може да биде одговорен за штетите кои настанале поради непочитување на пишаните правила и обичаи. Ако поинаку не е договорено сместување на патниците во објектот е најрано после 12.00 часот на денот на почетокот на користење на услугата, а напуштање на објектот најдоцна до 10.00 часот на денот кога завршува користењето на услугата. Аналогно на наведеното ќе се применуваат и важечките принципи и правилата на превозникот при превоз и трансфер на патниците.

ПАТНИ ИСПРАВИ:
Сите услови објавени во програмот за патување се однесуваат на државја ни на Р.М. Организаторот не е должен да ги запознае патниците-државјани на други држави од други земји за условите кои важат за одредената или транзитната земја, туку е обврска на истиот да ги обезбеди потребните услови и исправи благовремено и уредно. Патникот за патување во странство мора да има важечки патни исправи и во рок да ги достави потребните податоци и документи за добивање виза, доколку истите ги обавува организаторот. Во спротивно се смета дека патникот го откажал патувањето. Организаторот на патувањето не може да гарантира добивање виза и не сноси никаква одговорност за неисправност на патниот документ или ако граничните власти-имиграциските служби не одобрат транзит, влез или престој на патникот. Доколку патувањето не може да се реализира од горе наведените причини, се применуваат одредбите на точка 10) од овие услови.

ОТКАЖУВАЊЕ ИЛИ ПРОМЕНА НА ПРОГРАМОТ ЗА ПАТУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ОРГАНИЗАТОРОТ :
Организаторот може да го откаже патувањето во целост или делумно, во случај на вонредни околности кои да постоеле во времето на објавување на програмот би биле оправдана причина организаторот да не го објави програмот и да не склучува договори. Доколку во програмот за патување не е посебно наведено за да се реализира патувањето најмал број на пријавени патници во одредено во одредено превозно средство треба да биде :
1) За патување со автобус 30 патници;
2) За патување со редовна авио линија во Европа 20 патници;
3) За патување на интерконтинентални авио линии 15 патника;
4) За патување на посебно договорени чартер линии, возови или хидроглисери најмалку 80% од капацитетот.
Организаторот го задржува правото за промена за денот или часот на патување, како и право на промена на маршутата на патување, доколку се изменат условите за патување ( промена на ред на летање, безбедносна ситуација во одредената земја, елементарна непогода или други вонредни околности) без обврски за исплата на штета , односно плаќање за било каква надокнада на патникот. Договореното сместување може да се замени само со сместување во објект ист или повисока категорија, на терет на организаторот.
Патникот е должен да ја прифати промената за сместување во друг објект ист или повисока категорија во истото место. Сместување во објект на пониска категорија може да се изврши само со согласност на патникот и плаќање надокнада на патникот сразмерно смалената категорија на објектот за сместување. Организаторот не презема одговорност за промена на програмот за патување во случај на непредвидени околности и виша сила во текот на патувањето. Доколку од оправдани причини се прекине патувањето, организаторот има право на надокнада за навистина дадените услуги. Организаторот е овластен да го откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници, за што е должен да ги извести патниците најдоцна 5 дена пред почетокот на предвиденото патување, со обврска на патниците да им се вратат уплатените средства во целост во рок од 15 дена од денот на откажувањето.

ОТКАЖУВАЊЕ НА ПАТНИКОТ ОД ПАТУВАЊЕТО:
Патникот има право да го откаже патувањето, зашто е должен писмено да го извести организаторот на патувањето. Датумот на примање на писмениот отказ претставува основ за надокнада која припаѓа на организаторот, изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето, и тоа:

10% ако патувањето се откаже до 30 дена пред почетокот на патувањето;
20% ако патувањето се откаже од 29 до 15 дена пред почетокот на патувањето;
50% ако патувањето се откаже од 14 до 8 дена пред почетокот на патувањето;
90% ако патувањето се откаже од 7 до 1 ден пред почетокот на патувањето;
100% ако патувањето се откаже на денот или после почетокот на патувањето.
Промена на договорениот датум за патување, односно објектот на сместување, собата или апартманот се смета за откажување на патникот од патувањето. Патникот има обврска кон организаторот да ги надокнади реалните, односно направените трошоци доколку дошло до отказ поради околности кои не можел ги предвиди, отстрани нити да ги избегне и тоа: болест или смрт на патникот, бражниот другар, роднина, брат или сестра, покана за воена обврска или елементарна непогода официјално прогласена. За наведените случаи патникот е должен да достави писмен доказ до организаторот. Организаторот на патувањето, доколку патникот обезбеди своја замена или замената ја направи самиот организатор должен е на патникот да му ги врати во целост уплатените средства или да ги одбие само реалните трошоци(издавање на визи,осигурување и др.)
РЕКЛАМАЦИЈА:
Доколку услугите за програмот за патување не се извршени во целост,патникотможе да побара надокнада,доколку на организаторот му достави благовремен и оправдан писмен приговор.Секој патник-носител на договорот поднесува поединечно приговор,организаторот нема да прими во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.
Постапка за поднесување приговор:

  • Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кајпретставникот на организаторот ,а доколку истиот го нема кај извршителот на услугите.Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се отстранат причините за приговорот.Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата која одговара на уплатената услуга ,организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговара на истата.
  • Ако причината за рекламација не биде отстранета,патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда(записник).
  • Најдоцна осум дена по завршување на аранжманот,патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот и ја приложува пиемената потврда потпишана од претставникот како и евенталните сметки за дополнитлни трошоци.Организаторот ке ги прими ва процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место.Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наваданите рекламации кај извршителот на услугите.Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на патување неможеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
  • Додока организаторот не донесе решение по приговор,патникот се откажува од посредување на било кое друго лице,судска постапка или давање информации во јавните медиуми.
  • Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но таа неможе да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот.Со ова се исклучува правото на купувачот за идеална штета.
  • БАГАЖ:
    Патникот има право на бесплатен превоз на багажот до одредена тежина која ја одредува превозникот.Вишокот на багаж патникот го плаќа според важечките цени на авио превозникот.Кај превоз со автобус патникот може да понесе две парчиња багаж.Деца до две години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот немаат право на бесплатен багаж.Организаторот на патувањето не ја превзема одговорноста за изгубен,оштетен или украден багаж.Патникот е должен сам да се грижи за своите работи.Сите свои права по наведеното патникот ги остварува директно со превозникот,извршителот на услуги и др.,а според важечките меѓународни прописи.Поради тоа препорачуваме осигурување на багажот кај осигурителното друштво.

    ЦАРИНСКИ И ДЕВИЗНИ ПРОПИСИ:
    Патникот е должен да ги почитува царинските и девизните прописи на Р.М.,транзитните и земјите во кои патува,односно во случај да не може да го продолжи патувањето или престојот,сите последици и трошоци ги сноси самиот.

    ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ:
    За патување во земји во кои важат посебни правила како на пример вакцинација или набавунање на одредени документи,се подразбира како обврска на самиот патник да ги изврши и обезбеди истите.

    ГУБЕЊЕ НА ДОКУМЕНТИ:
    Доколку за време на патувањето дојде до губење или кражба на патните исправи,трошоците за издавање на нови како и сите останати трошоци ги сноси самиот патник.

    ОСИГУРУВАЊЕ:
    Организаторот е должен да му понуди на патникот здравствено и патничко осигурување за време на престојот во странство,како и осигурување на багажот,осигурување од последица од несреќен случај,како и осигурување за отказ на аранжман.

    ИНФОРМАЦИИ:
    Усмените информации кои се разликуваат од оние содржини од програмот за патување не го обврзуваат организаторот на патување.

    ПОПУСТИ:
    Условите кои се однесуваат на остварување на попустот за деца како и на останатите погодности кои се дефинирани во програмот за патување се дадени од страна на хотелот или другите извршители на услуги и треба да се применуваат рестриктивно ( на пр. Деца до две години старост релевантен е календарскиот датум кога детето ги навршува двете години, и ништо преку тоа во периодот на траење на патувањето).

    ИНДИВИДУАЛНИ ПАТУВАЊА НА УПИТ:
    Кај индивидуалните резервации на упит организаторот наплатува трошоци за резервацијата во склад со временското ангажирање и другите трошоци (телефон, факс, и др. )Патникот уплаќа на име трошоци за резервација аванс кој не може да биде помал од 15 ЕУР во денарска противвредност. Доколку резервацијата биде прифатена од страна на патникот авансот се пресметува во цената на аранжманот. Доколку резервацијата организаторот не ја потврди авансот се враќа во целост. Ако патникот не ја прифати понудената и потврдена резервација авансот го задржува организаторот во целост за покривање на направените трошоци.

    НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ : Во случај на спор надлежен е судот во Битола.