За нас

Назив / Седиште
Balojani Tourist Services

БАЛОЈАНИ ТС ДООЕЛ
Ул. Солунска бр. 111-d, 7000 Битола, Република Македонија
Телефони: +389 47 220204, 203203
E-Mail: reserve@balojani.com.mk , Интернет: www.balojani.com.mk

Законска форма
Друштво со ограничена одговорност. Фирмата е регистрирана во Централниот регистер на РМ.

Персонал / Квалификации
Пет перманентно вработени и три повремено. Тројца со високо, и двајца со више образование.
Познавање на странски јазици: Англиски, Грчки, Германски, Српски, Хрватски, Бугарски.
Управување:

  • Горки Балојани, продукт менаџер,  со над  25-годишно искуство во туризмот.
  • Елефтерија Балојани,  менаџер на продажба, со над 10-годишно искуство во туризмот.

Видови активности / Понуда
Рецептивен и емитивен туризам:

  • Организација и реализација на индивидуални и групни пакет аранжмани: летување, зимување, семинари, туристички програми со различно времетраење и содржини (културни, едукативни, спортско-рекреативни, научни и др).
  • Специјализирани еко и рурални тури, планинарски, пешачки ловни и авантуристички програми.
  • Услуги за сместување, транспорт, исхрана, стручни водичи. 
  • Авионски,  железнички, автобуски  и бродски билети за сите дестинации.

Компетенции

  • Долгогодишно теренско искуство и специјализираност во организација и реализација на автобуски тури.
  • Детално познавање на патната инфраструктура и условите на планираните дестинации.
  • Директен контакт и тесна соработка со одделните провајдери (хотели, ресторани, превозници и др), лично и постојано следење на спремноста и квалитетот на услугите и исполнувањето на договорените обврски,
  • Обезбедување на професионални придружници-лиценцирани водичи, од граница до граница, кои ги даваат сите потребни информации и податоци , како попатно, така и на  локалитетите што се посетуваат, се грижат за исполнувањето на програмата, квалитетот на услугите, како и потребите и личниот комодитет на патниците-во соработка со персоналот на партнерскиот туроператор.
  • Обезбедување на високо обучени водичи и персонал, потребна пратечка опрема и транспортни средства при реализација на специјализираните екскурзии и атракции .

Сервиси за туроператори

  • Детализирани итинерери со сите потребни оперативни и  теренски податоци (географски, временски и содржински).
  • Мапи со назначени дневни рути, километража, ефективно возење, паузи, топографија.
  • Помош при граничните процедури, легалните формалности, безбедносни ,здравствени и други сервиси.
  • 24-часовна логистичка поддршка за времетраење на турата. Целосно покривање во случај на дефект на возилото или сообраќајна незгода, со обезбедување на друго соодветно возило за изведување на турата, потребно шлепување и сервис на оштетеното возило (во договор со партнерскиот туроператор).
  • Поддршка при промоција и рекламирање на турите преку обезбедување со потребните матерјали (слики, текстови,  информации, видео записи, човечки ресурси и др).  Заедничко организирање на Инфо-тури за посебни целни групи или субагенти на  туроператорот.

Лиценци / Членство
Лиценциран Туроператор со  А-лиценца издадена од Министерството за Економија на Р. Македонија.





  Copyright © 2007 balojani.com.mk Општи услови на патување