info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Локација: Атина
Транспорт: Автобус
Цена: 6150 денари
Book Now!

1 ден: 08.03.2018                              БИТОЛА – АТИНА

Поаѓање од Битола во 21:00ч. (спортска сала). По граничните формалности, продолжување на патувањето за Атина со попатни одмори. Ноќно возење..

 

2 ден: 09.03.2018                              АТИНА (АКРОПОЛ)

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Разглед на атинското пристаниште Пиреа, едно од најголемите пристаништа на Медитеранот. Слободно време и враќање во во центарот на Атина. Планиран панорамски разглед на градот со знаменитостите: Плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Универзитетот, Академијата, Олимпискиот стадион, Адријановата Капија, Ботаничката градина, Храмот на Зевс и разглед на Акропол со Музејот. Сместување во хотел во строгиот центар на Атина (Омонија). Слободно попладне за одмор, шопинг и  индивидуален разглед.                                                                Ноќевање.

 

3 ден: 10.03.2018                              АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ (Коритски канал, Микена, Епидаурус)

Појадок. Планиран целодневен факултативен излет до Пелопонез, областа Арголида со посета на Коритскиот Канал, светилиштето на богот на медицината Асклепиус со најакустичниот амфитеатар на светот во Епидаурус, античкиот локалитет и кралските гробници во Микена, како и попатна посета на градовите Нафплион и Тиринт. Враќање во Атина во доцните попладневни часови.                                    Ноќевање.

 

**) Вечерта можност за факултативна посета на националната грчка таверна на Плака стариот кварт под Акропол, со вечера и богата фолклорна и музичка програма.

 

4 ден: 11.03.2018                              АТИНА – МЕТЕОРИ – БИТОЛА

Појадок. Поаѓање за Битола со попатна посета на Термопили и продолжување кон Метеори. Посета и разглед на комплексот “висечки манастири“ на Метеори. Враќање во Битола во вечерните часови.

 

Цена:  6.150 денари

 

Во цената е вклучено:
 превоз со модерен туристички автобус по наведената програма;
 сместување во хотел со 3*** во строгиот центар на Атина на база 2 ноќевања со појадок;
 разгледување на Атина и посета на Акропол со стручен водич;
 организација на излетот на Пелопонез, Коринт, Епидаурис и Микена
 посета на комплексот манастири на Метеори;
 организација и водство на аранжманот со стручен водич-придружник;

Во цената не е вклучено:
– осмомартовска свечена вечера во таверна со уметничка програма =25 еур
– целодневен факултативен излет на Пелопонез, областа Арголида = 25 еур;
– влезници во археолошките локалитети: Епидаурус = еур и Микена = еур
– се што не е наведено во програмата;
За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Балојани Т.С.