info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Цена: 5.800 денари

1 ден: 09.03.2018(петок)                                            БИТОЛА-БАНСКО

Поаѓање од паркинг пред Спортска сала ” Младост ” во 04:30 часот. Попатни паузи за одмор и царински формалности. Попатна посета на Сандански. Сандански или Св. Врач е град во југозападниот дел на Бугарија. Градот се наоѓа во долината на реката Струма и е познат по своите топли геотермални извори. Време за прошетка и шопинг. Продолжуваме кон хотел Пирин Голф Спа 5*. Сместување. Можност за релаксација во најголемиот Спа центар во Банско и пошироко, бесплатно користење на внатрешен базен, користење на надворешни базени, сауни, парни бањи, фитнес, лакониум, соба за релакс…расположен на 5500м². Вечера Ноќевање.

 

2 ден: 10.03.2018 (сабота)                                  БАНСКО

Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности и прошетка низ улиците на атрактивното скијачко место Банско- со специфична традиционална архитектура и многу ресторани и дуќани за сувенири. Слободно време за одмор, користење на СПА центарот, индивидуални активности. Вечерта организирана вечера со музика. Ноќевање.

 

3 ден: 11.03.2018 (недела)                         БАНСКО-БИТОЛА

Појадок. После појадокот слободно време за шопинг и разглед.. Поаѓање за Македонија во попладневните часови и попатна посета на Метро во Благоевград. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

Крај на програмата.

 

 

Цена:    5.800 – ден

 

 

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во хотел “Пирин Голф Спа” 5* piringolfhotel.com на база 2 ноќевања со појадок и вечера- шведска маса, користење на внатрешен, надворешни базени со топла вода, фитнес, џакузи, сауни, парни бањи, лакониум, соба за релаксирање….
  • Организирана вечера со музика
  • Разглед на Банско, Сандански, Метро
  • Организација, подготовка и придружник на аранжманот.

 

Во цената НЕ е вклучено:

  • Групно патничко осигурување=150 ден.

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници

За овај аранжман важат општите услови за патување на Балојани Дмц Дооел

.

Напомена: Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата