info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

БИТОЛА-МИЛАНО-КОМО-БАРЦЕЛОНА-НИЦА-МОНАКО-МОНТЕКАРЛО-БИТОЛА  

 

1 ДЕН:   25.08.2017                                                 БИТОЛА – МИЛАНО

Поаѓање во 08:00 часот од пред Спортска сала Младост.  Патување преку Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ДЕН:   26.08.2017                                                  МИЛАНО

Појадок. Пристигнување во Милано во пладневните сати и разглед на Милано со локален водич: тврдината Сворцеско, пиаца Дуомо, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, најубавата шопинг улица и покриениот трговски центар Виторио  Емануеле. Во вечерните сати сместување во хотел.                                                          Ноќевање.

 

3 ДЕН: 27.08.2017                                                    МИЛАНО-КОМО-ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. После појадокот целодневен факултативен излет до Комо едно од најзивописните езера во Ломбардија Италија со локален водич. Езерото има многу интересен облик како превртена буква (Y) и се нарекува LAGO DI COMO, што значи      езеро Комо. Вечерта поаѓаме за Лорет Де Мар – Шпанија. Ноќно возење со попатни паузи.   

                                  

 

4 ДЕН:   28.08.2017                                                               ЛОРЕТ ДЕ МАР

Пристигнување во Лорет Де Мар, сместување во Хотел и слободно време за одмор, разглед на местото. Вечера. Ноќевање

 

 5 ДЕН:  29.08.2017                                              ЛОРЕТ ДЕ МАР – БАРЦЕЛОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР

 Појадок. После појадокот поаѓање за Барцелона. Разглед на градот со водич: Саграда фамилија, Плаца Каталуниа, Рамблас, Шпанското Село, споменикот на Колумбо, паркот Гауди, Аквариумот, куќите како од бајките: Casa Batllo& Casa Mila, сатадионот Ноу Камп. После разгледот слободно време за прошетка по најубавата улица во Барцелона – Ромбли. После тоа посета  на магичните фонтани. Во вечерните сати враќање во хотел.  Ноќевање

 

 

6 ДЕН:   30.08.2017                                                    ЛОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. Ден предвиден за индивидуален разглед, шопинг, капење.Вечерта организирана факултативна посета на ФЛАМЕНКО. Вечера. Ноќевање

 

 

7 ДЕН:   31.08.2017                                           

Појадок. После појадокот поаѓање за МК со попатна посета на Ница, Монако и Монтекарло. Ноќно возење со попатни паузи.

 

 

 

8 ДЕН:   01.09.2017      

Пристигнување во Битола во касните попладневни сати.  Крај на програмата.

 

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 20.500,- денари

 

 

Цената вклучува:                                                        

  • Превоз со модерни високо-туристички автобуси по програмата;
  • Сместување во хотели со најмалку 3*** на база 1 ноќевање со доручек во Милано и 1 ноќевање со доручек и 2 полупансиони (појадок и вечера) во Лорет Де Мар.
  • Разгледи со локални водичи на: Милано и Барцелона
  • Лиценциран водич-придружник од нашата агенција во автобус за време на патувањето;

 

 

Цената  не вклучува:

-    патничко-здравствено осигурување

-    факултативните посети , излети и влезници за музеите кои се посетуваат  

 

 

                                                  

 

Составен дел на аранжманот се и Општите услови на работење на Т.А. Балојани и СКТМ.