info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Локација: Будва-Дубровник-Котор-Острог
Транспорт: Автобус
Цена: 3.800 ден
Book Now!

 

1 ден: 10.10.2019

Поаѓање од паркинг пред Спортска сала во 22:00 часот со туристички автобус, преку Албанија за Будва.

 

2 ден: 11.10.2019

Пристигнување во Будва во утринските часови, посета на св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје. Сместување во апартмани. Попладнето прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите св. Иван, св. Марија, плоштадот.           Ноќевање.

 

3 ден: 12.10.2019

 Ден предвиден за целодневен факултативен излет до: Котор каде што ќе го посетиме Стариот стариот дел на Котор при што можи да се види: Катедралата на св. Трипун, a после тоа преку  Бокакоторскиот залив продолжуваме према Дубровник. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, црквата св. Влах, Дубровачката катедрала итн. Во попладневните сати го напуштаме Дубровник и се упатуваме према Тиват каде што ќе го посетиме најмонденското место ПОРТО МОНТЕНЕГРО, a после тоа продолжуваме према Будва. Враќање во Будва во вечерните сати.     Ноќевање.

4 ден: 13.10.2019

Факултативен целодневен излет до Острог,сместен високо на карпест планински масив и е најголемо Црногорско светилиште и секако најпосетуван манастир на Балканот. Основан е од Василије во 17 век и се верува дека моштите на св. Василије Остришки се чудотворни кои се најдуваат во Горниот Манастир. После тоа се упатуваме према Подгорица и ќе го посетиме храмот на Христовото Воскресение, и во попладневните сати поаѓање за МК. Пристигнување во вечерните сати . Крај на програмата

 

Цена:    4.300- денари            

 

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз за дадена релација;
  • 2 ноќевања во апартмани во Будва;
  • организација и водство на патувањето;

Во цената не е вклучено:

  • целодневен излет до Дубровник и Котор – (20 еур);
  • Посета на  Остришки манастир + туристичка такса – ( 5 еур);
  • влезници за културно историски споменици;
  • превоз од Долниот до Горниот ман. Острог – повратна – (2 еур)

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

 

За реализација на аранжманот потребен е минимум 45 патници

За овај аранжман важат општите услови за патување на Балојани Дмц Дооел

.