info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

ВОЈВОДИНА – 1-ВИ МАЈ

 

1 ден (сабота) – 28.04.2018                  Скопје – Сомбор
Состанок на групата во 23.30 часот. Поаѓање за Сомбор, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден (недела) – 29.04.2018   Сомбор –Салаш
Пристигнување во Сомбор во утринските часови.
Сомбор е град богат со културно наследство, чувар на античката традиција и старател на прекрасната историја, град каде многумина уметници  го пронајдоа својот мир и ги создале своите најистакнати дела. Надалеку познат по своето зеленило, особено по своето старо семејство на цветни растенија донесени уште во 1903 година од долината на Мисисипи, па затоа овој град се води и како еден од најзелените градови во Европа. Ви препорачуваме штом стапнете на територијата на овој град веднаш вашиот поглед да залута кон некоја слаткарница од каде ќе се почестите со добро познатиот Сомборски сладолед.
Разгледот на градот го започнуваме од плоштадот на Царот Урош од каде ќе ги видиме и двете најважни знаменитости на градот Катедралата на Кралот Св. Стефан и познатата Општинска зграда или поранешната стара градска сала изградена во 1882 година каде се наоѓа импресивната слика “Битката кај Сента“  –  најголема слика насликана во масло на платно во Србија, на која е претставена победата на австриската војска на чело со принцот Евгениј Савој врз турската војска. Одовде продолжуваме по улиците на Кралот Петар I сè до плоштадот Св. Ѓорѓи каде ќе ја видиме и православната црква посветена на него и старата српска читална од 1845 година. Продолжуваме кон плоштадот на Светото Тројство каде се наоѓаат Градската куќа Магистрат, Плебенијата – парохијата на чија фасада е виснат сончев часовник, Црквата Св. Тројца, Уметничката галерија на Милан, Градската библиотека, старата учителска школа во која се наоѓа познатата галерија на сликарот Сава Стојков и Градскиот музеј. Можност за факултативна прошетка низ тесното старо градско јадро со пајтон.  Вистинско уживање кое ќе ве врати во минатото. На оваа прекрасна прошетка покрај горе наведените знаменитости панорамски ќе се посетат и Историскиот архив, Палатата Кронч, Палатата на Грашаловиќ, турската куќа… а најмногу од сè ќе уживате во зеленилото на патиштата низ Сомбор. По прошетката, слободно време за индивидуални активности, а доколку почувствувавте глад ви препорачуваме да отидете во познатиот ресторан“Стар Слон“ кој исто така е дел од историјата и традицијата на Сомбор отворен во 1901 година. Во договореното време поаѓање за Салашот. Пристигнување во Салашот, сместување и слободна вечер за индивидуални активности, или факултативно вечера со тамбураши. Ноќевање.
3 ден (понеделник) – 30.04.2018          Суботица –  Паличко езеро – Винаријата на Звонко Богдан
Појадок. По појадокот факултативна посета на Суботица. Разглед на градот кој започнува од Градската куќа од 1910 година, изградена во стилот на маџарска сецесија украсена со жолти камења, Градскиот музеј од 1948 година кој е сведок на развојните периоди на историјата на овој крај, Галеријата на сликарството , Рајхловата палата, вајарството и графиката, Соборната црква чии икони се насликани од Паја Јованович, Синагогата од 1902 година, Катедралата изградена во барокен стил. Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време враќање во Салашот и факултативна посета на езерото Палич каде ќе се воодушевите на околината и природата. Водената кула, големата тераса, музичкиот павилјон, обраснатиот парк познат по мирот и тишината и бројното зеленило е тоа што ви го нуди овој парк, а секако и можност и за факултативна посета на Зоолошката Градина. По разгледот на овој парк се упатуваме кон винаријата на Звонко Богдан кoја ја отсликува специфичноста и традицијата на лозовите насади на Палиќ со јасна цел за производство на вина од супериорен квалитет. Слободно време за уживање во дегустација на 3 вида на сортно вино. Враќање во Салашот, можност за факултативна вечера. Ноќевање.
4 ден (вторник) – 01.05.2018  Салаш- Нови Сад– Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на Салашот и поаѓање за Нови Сад и можност за посета на шопинг центар. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови. Крај на програмата.

 

ЦЕНА:  129 Евра (7.998 ДЕНАРИ)


Во цената е вклучено:

1. Автобуски превоз на наведената релација
2. 2 ноќевања со појадок
3. Посета и разглед на Сомбор
5. Пратител во текот на патувањето

Во цената не е вклучено:
1. Посета и разглед на Суботица -10 еур по лице
2. Факултативна посета на езерото Палич и Винаријата на Звонко Богдан -10 еур по лице
3. Факултативна вечера со традиционална музика –
4. Влезница за зоолошката градина – 3 еур по лице
5. Влезници во музеите и другите знаменитости
6. Патничко осигурување

Попусти и доплати:
– Доплата за еднокреветна соба 1.400 денари

 

Составен дел на аранжманот се Општите услови на работење на Т.А. БАЛОЈАНИ ДМЦ – БИТОЛА

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

За реализација на аранжманот потребен е минимум 45 патници

За овај аранжман важат општите услови за патување на Балојани Дмц Дооел

Напомена: Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата