info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 5 Дена
Локација: Истанбул. Турција
Транспорт: Автобус
Цена: 4.990 Денари
Book Now!

1 ден: 14.03.2019                                  БИТОЛА  –  ИСТАНБУЛ

Поаѓање во 17.00 часот од пред спортската сала Младост. По граничните формалности продолжување за Истанбул преку Грција, со попатни одмори и ноќно возење.

 

2 ден: 15.03.2019                                   ИСТАНБУЛ

Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Римскиот аквадукт, мостот Галата, Царигратската Патријаршија и палатата Долма Бахчe-последната резиденција на Отоманската Империја. Посета на прочуениот плоштад Таксим. Сместување во хотел. Попладнето ќе ја посетиме прочуената Капали Чаршија и прочуената џамијата на познатиот султан Сулејман – Суејмание.                                      Ноќевање.

 

3 ден: 16.03.2019                                     ИСТАНБУЛ

Појадок. По појадокот посета на познатиот видиковец Пјер Лоти – место кое овозможува незаборавен поглед на Златниот Рог кој го претставува  почетокот на  Босфорот, место каде што има шанса секој еден да го проба прочуеното турско кафе сварено на жар. После тоа Разгледување на Хиподромот, Султанахмед (Сината Џамија), факултативна посета на Аја Софија и Топкапи со локален водич.Слободно време за индивидуален разглед и шопинг. Вечерта факултативна посета на национален ресторант со трбушен танц и програма.                Ноќевање.                                                           

4 ден:17.03.2019                                    ИСТАНБУЛ – БИТОЛА

Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и  факултативно крстарење со брод по Босфорот – единствена можност за пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа со Азија. ќе го посетиме прочуениот Египетски пазар (Мисир Чаршија) каде каде можат да се купат и дегустират разни зачини, локуми и други турски специјалитети.Ке го посетиме и најголемиот аквариум во Истанбул кој изобилува со различен вид на риби.  После тоа ќе го посетиме големиот трговски центар – аутлет ВЕНЕЦИЈА Истанбул. Вечерта поаѓање за Македонија преку Грција со попатни паузи и ноќно возење.

5 ден: 18.03.2019   

Планирано пристигнување  во утринските часови.  Крај на програмата.  

             ЦЕНА: 4.990 ДЕН

Цената вклучува:

  • Превоз со модерен туристички автобус по програмата
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања / појадок
  • Разглед на градот со професионален локален водич
  • Организација и водство на аранжманот

Цената не вклучува:

  • Крстарење по Босфорот или посета на Принцевите Острови – 15 еур
  • Пешачка тура со локален водич: Капали Чаршија, Хиподромот, Плава Џамија, Св. Софија, Мисир чаршија, Галата Мост и влезница за Галата Кула = 20 еур
  • Посета на видиковецот PIEERE LOTI – 10 eur (вклучува: трансфер, водич + карта за жичара)
  • Факултативна посета на Света Софија и Топ Капи – 35 (вклучува: трансфер, водич + влезница+слушалки)
  • Вечера во национален ресторан со трбушен танц – 25 еур
  • Факултативна посета на Аквариумот – 15 еур
  • Се што не е наведено во програмата или е наведено како факултативно

 

                                 КРАЕН РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ : 05 МАРТ

                                  Цената е вкалкулирана на база на најмалку 45 лица

       Составен дел на аранжманот се и Општите услови на работење на Балојани ДМЦ -Дооел

Напомена: Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата