info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 3 ноќевања / 6 дена
Локација: Истанбул/Турција
Транспорт: Автобус
Цена: 9.800 ден.
Book Now!

Ден 1
БИТОЛА – ИСТАНБУЛ
Поаѓање во 18.00 часот од пред спортската сала Младост. По граничните формалности продолжување за Истанбул преку Грција, со попатни одмори и ноќно возење…..

Ден 2
ИСТАНБУЛ
Пристигнување во утринските часови. Сместување во хотел мал одмор. После тоа посета на најголемиот тематски аквариум во Европа, кои има водечка позиција во светските аквариуми, благодарение на неговиот волумен, различните видови на риби како и сите други активности кои се ЕДИНСТВЕНО И НЕПОВТОРЛИВО ИСКУСТВО…. После тоа панорамски разглед на градот:Римскиот аквадукт, џамијата Шехзаде, најголемиот џамлиски комплекс Сулејмание, мостовите на Босфорот и Азискиот дел каде ќе го посетиме брдото Чамлиџе од каде што има прекрасен панорамски поглед на Истанбул. Факултативна посета на најимпонзантната, најубава и надалеку позната џамија на Султан Сулејман. Ноќевање.

Ден 3
ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот факултативна посета на Аја Софија една од нај мономенталните зданија на христијанската вера, конструирана како базилика во 6 век од царот Јустинијан. Факултативна посета на Топ Капи – палатата на султаните,
заедно со ризницата, посета на Сината Џамија- една од најголемите архитектонски чуда, позната по нејзините 6 уникатни
минариња изградени во името на султан Ахмед. Враќање во хотелот. Вечерта, факултативна забава со ориентална програма. Ноќевање.

Ден 4
ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот посета на Цариградската Патријаршија..Факултативна посета на Отоманската палата Долма Бахче –
Сарај, последната резиденција на Отоманските султани која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. После тоа
разглед на Египетскиот пазар(Мисир Чаршија) која изубилува со најразлични зачини, чаеви, турски десерти… Во
попладневните часови можна е факултативна посета на највисоката зграда во Европа висока 236 м, трговскиот центар
Сафир со преубавата панорамна тераса. Во попладневните часови враќање во хотелот. Слободно време за индивидуален
разглед. Ноќевање.

Ден 4
ИСТАНБУЛ
Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. После тоа. факултативно крстарење со брод по Босфорот- единствена
можност за пловење под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. После тоа можна е посета на најголемиот трговски
шопинг центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Во попладневните сати поаѓање за МК.

Ден 4
ИСТАНБУЛ – БИТОЛА
Планирано пристигнување во утринските часови.

Крај на програмата.

Цената вклучува:
– Превоз со модерен туристички автобус по програмата
– Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања / појадок
– Разглед на градот со професионален локален водич
– Организација и водство на аранжманот

Цената не вклучува:
o Крстарење по Босфорот – 20 еур
o Влезница за Долма Бахче Сарај – 25 еур (вклучува: трансфер, водич и влезница)
o Посета на највисоката зграда во Истанбул Sapphire – 15 еур
o Влезница за Света Софија и Топ Капи – 45 еур (вклучува: трансфер, водич и влезница+слушалки)
o Вечера во национален ресторан со трбушен танц – 30 еур
o Патничко здравствено осигурување – 150 денари
o Се што не е наведено во програмата или е наведено како факултативно

Цената е вкалкулирана на база на најмалку 45 лица.
За реализација на патувањето важат Општите услови на Балојани ТС и СКТМ

Print Friendly and PDF