info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

„AMMOS APARTMENTS“ “B” категорија се наоѓа на шеталиштето во строгиот центар на Калитеа, AMMOS APARTMENTS е оддалечена од најубавата градска плажа околу 4 минути пешачење. Вилата располага со студија на високо приземје и спрат (трокреветни, четворокреветни и едно 6то креветно студио) опремени со кујна, клима, телевизор и тераса која гледа према шеталиштето или задната страна на вилата. Под самите апартмани се наоѓа бутик и продавница како и канцеларија за прием на гостите. Исто така, во вилата има и бесплатен интернет wi-fi.
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање.
Цените се дадени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противредност 1 Евро = 61.8 Денари. Цените во седмата колона се однесуваат по ЛИЦЕ со вклучен превоз.

Screenshot 2017-12-19 08.05.40