info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

АПАРТМАНИ ПОПИС – А категорија – се наоѓаат во првиот ред на шеталиштето во Калитеа. СТУДИЈА ПОППИС се оддалечени од најубавата градска плажа околу 130 метри. Вилата располага со 12 двокреветни студија опремени со 2 споени легла (принцип душек врз душек, како хотелските кревети) опремена кујна со садови за готвење, клима, телевизор, бежичен интернет и тераса. Некои од студијата се со страничен поглед на море, а останатите се со поглед на шеталиште. Исто така во вилата има и бесплатен интернет wi-fi. Капацитетот на собите е 2 лица, максимум плус едно дете до неполни 6 години, може да се смести во кревет со родителите, 6 апартмана се на 1во спрат, 6 на 2ри спрат. Под самите апартмани, се наоѓаат слаткара, бутик за кожа и бунди, и гифт шоп. Нејзината локација е идеална, во нејзина билизина се наоѓаат повеќе кафе барови, таверни, гиро, маркет, фурна, рент а кар итн.
Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра без попуст, плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 61.8 Денари
Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање.
Screenshot 2017-12-19 08.08.13

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице
Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

Битола (Пред спортска Сала) – 30€ по лице
Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола  – 30€ (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз) по лице
Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 35€ по лице
Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -35€ по лице
Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -30€ по лице (Доплата од 5€ за промо пакетите со вклучен превоз)

– Деца до 1,99 години бесплатно

ПРЕВОЗ ХАЛКИДИКИ:
Време на поаѓање превоз од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
03:40 h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес
05:00 h Струмица ( бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удовo
04:00 h Скопје (Дрводекор)
04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово)
06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

Време на поаѓање превоз од Битола за Халкидики:
04:00 h Битола ( Пред спортска Сала )
03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола
02.15 h Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
03.15 h Ресен  (спроти автобуска станица)  – Трансфер до Битола