info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

ПРОГРАМ:                                                                         5 ДЕНА-АВТОБУС    (поаѓање 10.10.2018)

                                                  

БИТОЛА-АНКАРА

1 ден          Поаѓање за  Анкара во 16 часот.  Патот води преку Грција. Ноќно патување со попатни паузи…

АНКАРА

2 ден          Пристигнување во Анкара и сместување во хотел. Посета на централниот плоштад со коњаникот Ататурк-таткото на турците. Вечера. Ноќевање. 

 

 

АНКАРА-КАПАДОКИЈА

3 ден          Појадок. После појадокот факултативна посета на Мавзолејот на Ататурк-основачот на новата светска република. Исто така се посетува Мавзолејот на Анадолските Цивилизации-уникатна колекција на експонати од палеолитот и неолитот-наоѓалишта од хатите и фригијците. Се посетуваат и остатоците од старата тврдина на градот. Во попладневните часови се упатуваме кон Кападокија со попатна фотопауза на Соленото Езеро-Tuz Golu- второто најсолено езеро во светот. Пристигнување во Кападокија во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.                                                                                     

 

КАПАДОКИЈА

4 ден          Појадок. После појадокот се посетува Музејот на отворено – Националниот Парк Goreme кој уште од древноста бил центар на раното христијанство. Огромниот манастирски комплекс во Goreme ни прави впечаток со својот префинет живопис, сјајно сочуван во текот на вековите, благодарение на непропустливоста на варовниковите карпи и постојаната температура во просториите. Тука се наоѓаат познатите цркви: „Црквата на јаболкото”, „Темната црква”, Црквата „ Св. Варвара”, „Црквата со змијата” , кои истите ќе ги посетиме. UcHisar е најпрочуен карпест замок во Кападокија, од чиј што врв се отвара неповторлива панорамска глетка. Се наоѓа на највисоката точка, тунелите и галериите во внатрешноста на самиот замок се поврзани меѓу себе. UcHisar е една од највпечатливите туристички атракции и симбол на архитектонските чуда во Кападокија. После тоа ја посетуваме една од најстарите населби Avanos позната по винарството и по традицијата на рачното ткаење на килими. Градот исто така е познат  и по грнчарството – занает кој успеал да се зачува од времето на древните хати. Постои можност за посета на грнчарско атеље. Враќање во хотелот. Вечерта факултативна посета на ресторан со ориентални танци. Вечера. Ноќевање.

 

КАПАДОКИЈА-ИСТАНБУЛ

5 ден          Појадок.  После појадокот го напуштаме хотелот  и ќе го посетиме стариот подземен град Kajmakli кој што е сместен на 8 спрата со: кујни, коњушници, визби, винарии, мензи, извори на вода. Kajmakli е откриен во 1938 година, а како туристичка атракцијае отворен од 1964 година. Спуштајќи се низ неговите длабочини по близу 100 тесни и наклонети тунели уште еднаш ќе ни направат впечаток работилниците, магацините, вентилацијата и канализацијата на овој уникатен подземен град.  Во попладневните часови се упатуваме кон Истанбул во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

ИСТАНБУЛ-МАКЕДОНИЈА

6 ден          Појадок.  Напуштање на хотелот  и разглед на градот: Хиподромот, Sultanahmed- Сината џамија, Римскиот аквадукт, мостор Галата, Плоштадот Таксим, Универзитетот, Патријаршијата. Попладнето факултативно крстарење по Босфорот. Во вечерните часови се упатуваме кон Македонија со попатна посета на шопинг центарот  Мала Венеција.

 

 БИТОЛА

7 ден         Пристигнување во Битола во утринските часови…Крај на програмата.            

 

 

Можност за плаќање на рати со кредитна картичка.

                                                       

Во цената е вкалкулирано:

  • Превоз со лиценциран високо-туристички автобус
  • Сместувањ во хотел со 4* на база 3 ноќевања со појадок и едно ноќевање со доручек
  • Разгледи на Анкара, Кападокија и Истанбул со локални водичи
  • Организација и водство на екскурзијата

Во цената не е вкалкулирано:

  • Музејот на Анадоклиските цивилизации – 15 еур
  • Подземниот град Кајмакли – 10 еур
  • Манастирскиот комплекс Goreme – 10 еур
  • Тврдината Uc Hisar – 5 eur
  • Долината Zelve – 10 eur
  • Факултативна вечера ( Дервишки Танц ) – 30 eur

 

 

 

 

 

КАЛКУЛАЦИЈА НА БАЗА МИНИМУМ 45 ПАТНИЦИ ПО АВТОБУС

BALOJANI  DMC – Bitola 7000, Vlatko Milenkoski 1  tel.           reserve@balojani.com.mk