info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

ТАСОС: Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови Специфичниот и жив рељеф, сe карактеризира низ различните брегови и високите планински врвови кои допираат до над 1000 метри над морето. Неговиот пречник од 25км и вкупната должина на брегот (околу 100км) го вбројува во средните по големина грчки острови. Климата која пак, од сета таа природна специфичност се образува, престојот на него дури и ви жешките месеци го прави свеж и пријатен. Главен град е Лименас во кој се наоѓа и најголемото пристаниште. Добрите сообраќајни врски преку автопатот до Кавала, неговата мала оддалеченост од брегот, патот до Тасос го прави брз и поднослив особено за неговите туристи од Македонија. Изборот за престој во неговите познати летувалишта, Лименариа или Пефкари е навистина само недоумица, која воопшто нема да ви дозволи да згрешите.

Вилата Албатрос е една од најубавите вили во главниот град на Тасос – Лименас. Се наоѓа во мирниот дел на градот на 800 метри од центарот на градот и на две минути до модерно уредената плажа пред вилата. Располага со луксузни трокреветни студиа со три стандардни кревети и комплетно опремени кујни. Студиата кои се наоѓаат на приземје имаат сопствено дворче со тревна површина и поглед на море, а тие што се на првиот кат имаат комфорни тераси со делумно-страничен или директен поглед на море. Сите студиа се реновирани за 2014 год. и имаат сопствено купатило, ТВ-LCD, клима уреди. Вилата има можност и за бесплатно користење на интернет. На 200 метри од вилата се наоѓа плажата Тарсанас која е исто така уредена и има повеќе содржини.

Период Бр. на ноќевања  1/3
студио
 

 

 1/4 аппсо 1 една спална
26.05-02.06.17 7* 130 140
02.06-09.06.17 7* 155 175
09.06-16.06.17 7* 180 200
16.06-23.06.17 7* 190 220
23.06-02.07.17 9 445 475
02.07-11.07.17 9 515 590
11.07-20.07.17 9 565 630
20.07-29.07.17 9 565 630
29.07-07.08.17 9 565 630
07.08-16.08.17 9 565 630
16.08-25.08.17 9 515 590
25.08-01.09.17 7* 190 210
01.09-08.09.17 7* 175 190
08.09-15.09.17 7* 155 165
15.09-22.09.17 7* 115 135
22.09-29.09.17 7* 110 130

 

Напомена:

  • Смените со * се однесуваат на 7 ноќевања со вклучен превоз по лице. (трето и четврто лице – БЕСПЛАТНО плаќа само превоз доколку користи)
  • Смените без * се однесуваат на наем на цел апартман/студио за 9 ноќевања без вклучен превоз
  • Цените за пакет аранжманите се однесуваат по лице (7 ноќевања со вклучен превоз), за минимум 2 лица
    во апартман (трето и четврто лице во апартман БЕСПЛАТНО – плаќаат само превоз 50 евра за возрасен и 35 евра за дете 2-12 години)
  • Во цената на аранжманите не е вклучено користењето на клима уредот (се доплаќа 5 евра на ден по студио/апп)
  • За хигиената во студијата/апартманите во текот на престојот се грижат самите корисници
  • Во секое од студијата/апартманите има комплетно опремена кујна за онолку лица колку што има во студиото/апартманот
  • Постелнината во апартманите/студијата се менува еднаш за време на престојот
  • Сместување во студијата/апартманите е по 14 часот по локално време а напуштање на студијата/апартманите е до 09 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.
  • При користење на сопствен превоз, цената за пакет аранжманите означени со *се намалува за 20€.
  • Цената на превозот на релација Скопје – Тасос – Скопје изнесува:
    • возрасни: 50 €
    • деца од 2 до 12 години: 35 €
    • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште)