info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 3 ноќевања / 4 дена
Локација: Македонија
Транспорт: Автобус
Цена: од 8.900 ден. (144 еур)
Book Now!

Ден 1
БИТОЛА – КРУШЕВО – СТРУМИЦА
Поаѓање од пред Спортска сала во 07:00 часот. Посета на Крушево и разглед на: Мечкин Камен, Македониумот, Спомен куќата и гробот на Тоше Проески, Музејот и Галеријата Мартиноски, црквата Св. Никола. Слободно време во старата чаршија. Поаѓање за Прилеп. Посета на Музејот на тутунот-единствен во светот, Музејот 11-ти Октомври и разглед на страта чаршија. Поаѓање према Дојран, со попатна посета на архелошкиот локалитет Стоби. Разглед на најзначајниот Антички град во Македонија со локален водич: Античкиот театар, Базиликата, палатите со прекрасни мозаици, Форумот. Можност за посета на винарија и дегустација на најдобрите македонски вина. Посета на Дојран и слободно време покрај езерото. Поаѓање за Струмица и пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Ден 2
СТРУМИЦА – КРАТОВО – СКОПЈЕ
Појадок. Разглед на Стумица и манастирте Водоча и Вељуса. Поаѓање према Кратово со попатна посета на црквата во Радовиш и Лесновскиот манастир. Разглед на Кратово: средновековните прочуени кули и мостови, црквата и стариот град со карактеристична архитектура. Запознавање со вековното традиционално производство на К-цаната сол, уникатен локален зачин. Продолжување за Скопје, со попатна посета на фармата и националниот ресторан Етно Село. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Ноќен панорамски разглед. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Ден 3
СКОПЈЕ – МАВРОВО – ОХРИД (СТРУГА)
Појадок. Разглед на Скопје: Кале, Св. Спас, старата чаршија, плоштадот, Спомен куќата на Мајка Тереза, по желба Музејот на Македонската борба, Археолошкиот или Етнолошкиот музеј. Слободно време за индивидуален разглед и шопинг. Поаѓање према Маврово со попатна посета на кањонот и езерото Матка, црквата Св. Андреј. Кафе пауза покрај Мавровското езеро и продолжување према Охрид. Посета на манаирот Св. Јован Бигорски, најстариот и најубавиот во Македонија. Разглед на црквата со бесценетиот дрвен иконостас и чудотворната икона на Св. Јован Крстител. Посета и на манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица, каде се чува раката на Св. Ѓорѓи. После живописното возење низ најубавиот крај во Македонија, кањоните на Радика и Дрим, езерата Шпиље и Глобочица, се пристигнува во Вевчани. Разглед на селото и прочуените Вевчански извори. Пристигнување во Струга во вечерните часови. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

Ден 4
ОХРИД (СТРУГА) – ПРЕСПА – БИТОЛА
Појадок. Разглед на Струга: Мостот на поезијата, Спомен куќата на Миладиновци и Природо-научниот музеј Незлобински. Посета и разглед на Охрид: по желба панорамско крстарење околу стариот град, Канео, Св. Стефан, Вилата на Тито… Продолжуваме со разглед на стариот град: Самоиловата тврдина со Долна и Горна порта, Куќата на Робевци, Св. Софија, Антички театар, Богородица Перивлепта, Плаошник. Запознавање и со традиционалните локални занаети: охридскот бисер, филигранството, дрворезот. Слободно време во охридската чаршија. Поаѓање за Св. Наум со попатна посета на Музејот на вода во Заливот на коските. Разглед на комплексот Св. Наум, со изворот на Црн Дрим, манастирската црква каде се насликани најпознатите чуда на Св. Наум. Продолжуваме према Преспа преку Галичица, со попатни фото-сесии за да се овековечат најубавите глетки на двете езера, Охридското и Преспанското. Посета на Етнолошката збирка во Подмочани и традиционалните села Љубојно и Брајчино. Враќање во Битола во вечерните часови

Крај на програмата.

Доплата за еднокреветна соба = 2.790 денари (45 еур)
Цената е калкулирана на база од минимум 30 патници по автобус

Цената вклучува:
– Сместување со хотели со 3*/4* на база со 3 полупансиони (доручек и вечера) во 1/2 и 1/3 ТВЦ соби
– Превоз со високо-туристички климатизирани автобуси и минибуси по програмата
– Сите посети и разгледи по програмата со лиценцирани водичи
– Наша организација, логистика и лиценциран водич/пратител по програмата

Цената не вклучува:
– Влезници за музеите и локалитетите:доплата за комплет влезници =1.550 ден.(25 еур)
– Факултативно крстарење по Охридското Езеро со вклучен пијалок=670 ден. (10еур)
– Факултативна посета на винарија со со дегустација на вино = 670 ден. (10 еур)
– Пијалоци и напитоци за време на оброците или паузите во текот на програмата

За реализација на патувањето важат Општите услови на Балојани ТС и СКТМ

Print Friendly and PDF