info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Мариово
Цена: од 18 еур
Book Now!

Откако ќе ве земеме од вашиот хотел, ќе ве одведеме со теренски џип до планината Ниџе, истражувајќи ја попатно недопрената природа, а ќе ги посетиме и оддалечените села: Маково, Рапеш, Старавина, Будимирци и Скочивир.   

Ќе доживеете сликовито возење со теренски џип низ руралните краеви на Мариовскиот регион. Патот нè носи до големата и оддалечена област на планината Ниџе – област сочинета од големи шуми кои се дом на многу видови птици и цицачи, диви реки богати со риби, како и длабоки кањони. Теренските патишта водат низ некои од најизолираните села во Мариовскиот регион. Таму ќе ја видите карактеристичната камена архитектура, ќе запознаете дел од локалното население ќе научите за нивниот традиционален начин на живот.  

Тип на Тура: Еднодневна оф-роуд авантура.
Поаѓање: Битола; По желба организиран трансфер од места оддалечени макс.100 км. Времетраење: 8 часа од Битола     
Активности: Теренско возење со џип; Боравок во природа; Пешачење; Рурални култури.
Ниво на тежина: Лесно
Опрема: Рекреативни, водоотпорни чевли и јакни (пожелно)   
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги:  Патни и теренски трансфери, разглед со водич   

Цена од: 18 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници     
Дополнително (по желба):
Пикник ручек + 5 евра по лице


На барање:
Организираме трансфери со соодветно возило во двата правци, од места оддалечени најмногу до 100 км од Битола. Цената на трансферот зависи од бројот на патниците.