info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

Москва-Санкт Петербург

1.ден 20.05. Белград– Москва НЕДЕЛА
Состанок на групата два часа пред полетување на аеродромот Никола Тесла. Лет на AirSerbia за Москва во 06:30 часот (лет JU 650). Пристигнување на московскиот аеродром во 10:15 часот. Од аеродромот Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј Блажениот, Бољшој театарот, Храмот на Христос спасителот, Новодевичанскиот манастир, видиковецот Врапчеви брда и Универзитетот Ломоносов, Поклонаја Гора (Паркот на победата) и др. (без влез во објектите). Tрансфер до хотел. Сместување. Слободно време. Вечерта, обиколка на Московското Метро (факултативно) со водич, особено некои од најубавите метро станици, кои личат на музеи, богато декорирани со скулптури, мозаици, позлатени со флорални орнаменти, мермерни столбови, портрети на националните херои. Ноќевање.
2. ден 21.05. Москва ПОНЕДЕЛНИК
Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел и на Москва и нејзин политички, духовен и  историски центар, неповторлив по убавина архитектонско-уметнички комплекс. Обиколка на територијата, Успенската црква во која се крунисани сите цареви,  Архангелската црква, Цар ѕвоното, Цар топот и Оружаната палата, ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички драгоцености на московскиот Кремљ се собрани во една збирка од која настанал музејот на Оружаната палата, кој се наоѓа под заштита на Унеско. Факултативна програма: Музејот на космонаутиката, еден од најпосетените музеи во Москва,  со голем број оригинални предмети, опрема и скафандери кои меѓу другите космонаути, ги носеле Јуриј Гагарин и Алексеј Леонов во своите експедиции. Музејот поседува и свемирски сателити, ракети, “мунровер” роботско возило, како и макета на свемирската станица Мир во природна големина која е отворена за разгледување. Слободно време. Ноќевање.
3. ден 22.05. Москва ВТОРНИК
Појадок. Факултативна програма. Сергеев посад (бивши Загорск, 70 км. од Москва), еден од најстарите и најголеми руски манастирски комплекси, центар на руското православие и духовност, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Обиколка на Тројствена лавра на Свети Сергеј – бисерот на древноруската уметност и архитектура. Лаврата, развивајќи се од осамена дрвена црква сред шума во XIV век, имала различни улоги кои биле од големо значење за руската историја. Факултативна програма  Вечерна Москва, од река – возење со ексклузивниот брод – ресторан “Радисон”. Величествен поглед на ноќна Москва, која се смета за еден од најосветлените градови на светот. Ноќевање.
4. ден 23.05. Москва – Санкт Петербург СРЕДА
Појадок. Трансфер до железничката станица. Патување за Санкт Петрбург во 09.30 часот со модерниот воз Sapsan. Пристигање во Санкт Петербург во 13:20 часот. Од железничката станица – Панорамскo разгледување на градот со автобус: Невски проспект, Казањски сабор, Дворски плоштад, Адмиралитет, Василијевското острово, Ермитаж, Исакиевската соборна црква, Бронзениот коњаник… (без влез во објектите). Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
5. ден 24.05. Санкт Петербург ЧЕТВРТОК
Појадок. Факултативна програма: Возење по каналите на Нева, со карактеристичен низок брод, прилагоден за поминување низ каналите и ниските мостови, поради кои одвој град го добил името “Северна Венеција”. Погледот на знаменитостите на градот и неговата архитектура од легендарната река Нева и некои од многуте канали остава уникатен впечаток и останува во сеќавањата. Факултативна програма: Исакиевската соборна црква, најголемата православна црква во Русија, но и една од најубавите градби на Санкт Петербург како според својата надворешност, така и по внатрешните декорации. Официјалното име е Собор на преподобниот Исак Далматински, а градена е од 1815 до 1858 година, според проектот на архитектот Огист Менферан.  Слободно време. Ноќевање.
6. ден 25.05. Санкт Петербург ПЕТОК
Појадок. Факултативна програма: Излет во Петерхоф – Рускиот Версај, летната царска резиденција на Петар Велики, изградена во XVIII век по налог на самиот цар, според примерот на Версај. Обиколката опфаќа прошетка низ величествениот парк, разгледување на прочуените фонтани со 250 позлатени скулптури и излез на обалата на Финскиот залив од каде се пружа прекрасен поглед на заливот, Кронштад и Санкт Петербург, Факултативна програма: Пушкин-Царското село – летната резиденција на Екатерина Велика, прекрасен дворец и  парк со површина од 34км2. Ентериерот на дворецот фасцинира со сјајот на уметничките предмети од полудраги камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината на основањето на Санкт Петербург, завршена е обновата за славната Килибарна соба, која на Дворецот на Катерина и го врати стариот сјај. Слободно време/ Ноќевање.
7. ден 26.05. Санкт Петербург – Белград САБОТА
Појадок. Слободно Време. Факултативна програма: Ермитаж, обиколка на еден од најголемите музеи на светот, во зградата на зимскиот дворец, со преку 3 милиони експонати, Неговата непроценлива збирка е изложена во 6 згради распоредени на плоштадот на дворецот и долж реката Нева. Главната зграда е Зимскиот дворец кој некогаш бил резиденцијата на руските цареви, а во неговата богата збирка се издвојуваат ремек делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Рембрант, Микеланџело и други. Музејот е познат и по археолошката збирка, збирката скулптури, збирката на средновековната европска уметност, но и по својаот барокен изглед и архитектура. Трансфер до аеродром. Лет со авиокомпанијата Air Serbia за Белград во 21:35 часот (let JU 675).
Пристигање во Белград во 23:20 часот. Крај на услугата.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:     688 €

(по лице во двокреветна соба)
Цена за деца 2-12 години со две возрасни (дополнително легло*)     638 €
Доплата за еднокреветна соба 165 €
За трето возрасно лице цената е иста како за место во двокреветна соба, а сместувањето е:
– во Москва, во хотел Vega Hotel & Convention Center 4* –  во еднокреветна соба или двокреветна соба или во двособен апартман (Junior suite)
– во Санкт Петербург во хотел Москва 4* –  на дополнително легло
* дополнителните кревети се нестандардни и непогодни за лица со покрупна градба.
Цената на аранжманот опфаќа: 
• авионски превоз на сите релации со летови на авиокомпанијата Aeroflot:
o 20.05. Белград – Москва
o 26.05. Санкт Петербург – Белград;
• Превоз со возот Sapsan:  Москва – Санкт Петербург на 23.05
• Сместување во Москва во хотелот Vega Hotel & Convention Center 4*во двокреветни соби со појадок
• Сместување во Санкт Петербург во хотелот Hotel Москва 4* во двокреветни соби со појадок
• трансфери според програмата;
• туристичка програма: панорамски разгледување на Москва и Санкт Петербург;
• услугата на пратител на групата и стручните локални водичи; трошоците за организација на аранжманот.

Цената на аранжманот не опфаќа:
• Аеродромски такси и задолжително осигурување во авиосообраќајот (околу 112 €, подложни се на промени);
• Факултативните програми
• Индивидуални трошоци
• Патничко осигурување

ФАКУЛТАТИВНИ ПРОГРАМИ:
Москва
• Московско метро         10 EUR
• Кремљ (територија и 2соборни цркви),
Оружaна палата 55 EUR *
• Музеј на космонаутика  30 EUR
• Сергиев Посед (бивши Загорск)      40 EUR
• Крстарење по реката Москва 35 EUR
Ст.Петербург
• Возење по каналите на Нева 30 EUR
• Исакиевска соборна црква 25 EUR
• Петергоф, Горен и Долен Парк 45 EUR
• Пушкин (Царско Село ) 55 EUR *
• Ермитаж 40 EUR

Во сите цени е вклучено: водич, автобус, влезници
*Пријавувањето и плаќањето за факултативите во Пушкин и Кремљ и Оружаната Палата е задолжително при резервација на аранжманот-не е можно да се плати на лице место!
За пријавени патници под 15, факултативните програми ќе се реазлизираат со јавен превоз-метро.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

ОПИСИ НА ХОТЕЛИТЕ

Москва, Vega Hotel & Convention Center 4*: www.hotel-vega.ru 
Хотелот е во состав на некогашниот комплекс хотели Измаилово. Метро станицата е на 70-80m од хотелот. Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат голем број ресторани, деловен центар, како и голем пазар на сувенири. Возењето со метро до Црвениот плошдад трае 15 минути. (а со пешачење, буквално 25 минути) што е важно за слободното време. Во овој хотел условите се долични, а во 2012 е целосно реновиран. ПОјадокот е на шведска маса.
Санкт Петербург, Hotel Москва 4* www.hotel-moscow.ru 
Хотелот се наоѓа во центарот на градот, на крајот на Невскиот проспект, на обалата на реката Нева. Влезот во метро станицата се наоѓа во зградата на хотелот, што дава можност без многу напор и губење на време да се стигне до главните знаменитости на градот. Хотелот е реновиран во 2007, а од 2008 добива категорија 4*. Во содржините на хотелот се неколку ресторани: пивски, ресторан со грузиска кујна, бар “Panorama”, со прекрасен поглед на историскиот центар на градот и Нева. Во холот на хотелот е и театарската каса, сто дава можност за купување влезници за концерти и театарски претстави. Хотелот има 825 соби кои се опремени со ТВ (сателитска програма) телефон, фрижидер, сеф и интернет, Појадокот е на шведска маса.

 

Составен дел на аранжманот се Општите услови на работење на Т.А. БАЛОЈАНИ ДМЦ – БИТОЛА

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

За реализација на аранжманот потребен е минимум 45 патници

За овај аранжман важат општите услови за патување на Балојани Дмц Дооел

Напомена: Oрганизаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата