info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажазакитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено… Скриена во преубавиот залив Akanthiosво непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата VoulitsaАтрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

 

 

 

Вилаta Anastasia e лоцирана во строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс апартмани на прв спрат, еден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманите имаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричнен шпорет со рерна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

За резервации и целосни уплати до 01.02.2018 одобруваме 15% попуст