info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја..

Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.

Студиа Афродити – Нидри Б кат – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина. Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.

Screenshot 2018-02-04 23.17.18

Во цената не е вклучен превоз.  Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада 

Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 50€ по лице

Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице

Битола (Пред спортска Сала) – 40€ по лице

Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола  – 45€ по лице

Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице

Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола –45€ по лице

Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола –45€ по лице

 

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена

– Деца до 1,99 години бесплатно

Време на поаѓање превоз Лефкада:

01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола

12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Велес и Битола

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) трансфер до Битола
04:00 h Битола (Пред спортска Сала)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)