info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

 

Лефкада – Никиана

 

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 4 креветни студија идеални за фамилии
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гостите
Никиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

VILA PORTO FINO – сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со осум убаво опремени студија за 4 лица кои имаат 1 брачен кревет и 2 кревети на спрат. Сите студија се опремени со кујна, клима, телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

Screenshot 2018-02-04 23.18.40

Во цената не е вклучен превоз.  Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада 

Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 50€ по лице

Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 45€ по лице

Битола (Пред спортска Сала) – 40€ по лице

Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола  – 45€ по лице

Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице

Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 45€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола –45€ по лице

Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 45€ по лице

 

Време на поаѓање превоз Лефкада:

01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола

01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола

12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола

02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола

03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) трансфер до Битола

04:00 h Битола (Пред спортска Сала)

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)

02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)