info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100

Пирамидите и Сараево

Реализација: 25.08, 07.09. и 06.10.2017 година

1 ден:       25.08.2017                                       МК-ВИСОКО

Поаѓање за Високо во 18.00 часот преку граничниот премин Табановце низ Србија.

Ноќно возење со попатни паузи.

 

2  ден:      26.08.2017                             ВИСОКО

           

Попатна пауза на Златибор, планина и воздушна бања со најдолга туристичка традиција во Србија и најпосетен зимско-летен рекреативен центар. Продолжуваме низ живописниот кањон на Дрина према Високо, поминуваме низ Вишеград каде ќе го видиме легендарниот Мост на Дрина од 15 век. Пристигнување во Високо во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време за индивидуален разглед.                                                                                   Ноќевање.

              

3  ден:      27.08.2017                             ВИСОКО

 

Појадок. Факултативен разглед на ПИРАМИДИТЕ со локален водич: Белведере, подземниот лавиринт на Равна, Музејот на Фондацијата, Паркот на Равна 2, Босанската пирамида на Сонцето, северната страна на археолошките ископини, Босанската пирамида на Месецот.  Овој разглед трае од 6 до 8 часа.                                                                                           Ноќевање.

 

4  ден:      28.08.2017                                       САРАЕВО-МК

 

Појадок. После појадокот факултативен целодневен излет и разглед на Сараево со локален водич: Врело Босне, Грбавица, Евангелистичката црква, Народниот театар, Градското собрание, потоа се продолжува пеш низ Башчаршија, Кјунџилук, величенствената Газихусревбегова Џамија, Еврејскиот Храм и црква, Катедралата. Слободно попладне за индивидуални разгледи и шопинг. Вечерта поаѓање за МК. Ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден :         29.08.2017                                                БИТОЛА   

                               

Пристигнување во Битола во претпладневните часови.

Крај на програмата.

ЦЕНА:

 

 

Цената вклучува:

  • Превоз на дадената релација со туристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Попатни посети на Златибор и Вишеград
  • Организација и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

  • Влезници + локален водич за пирамидите
  • Факултативна посета на Сараево и разглед со локален водич
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса
  • Се она што не е наведено во програмата или е наведено како факултативно

 

Цената е вкалкулирана на база од најмалку 40 лица.

Составен дел на аранжманот се и Општите услови на работење на Балојани ДМЦ