info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Локација: Босна
Транспорт: Автобус
Цена: 5.600 денари
Book Now!

1 ден:       08. Март 2018                               МК- САРАЕВО

Поаѓање за Сараево во 18.00 часот преку граничниот премин Табановце низ Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ден:       09. Март 2018                               САРАЕВО (ЗлатиборВишеград)  

Попатна пауза на Златибор,планина и воздушна бања со најдолга туристичка традиција во Србија и најпосетен зимско-летен рекреативен центар.Продолжување за Сараево со попатна посета на Мокра Гора – единствена туристичка музејска железница Шарганска Осмица, ремек дело меѓу пругите со тесен колосек при што може да се посети Дрвен Град на Емир Костурица,изграден во етно стил со галерија, кини, музеј, ресторани и др.Продолжуваме низ живописниот кањон на Дрина прем Сараево,поминуваме низ Вишеград каде ке го видиме легендарниот мост на Дрина од 15 век. Пристигнување во Сараево во попладневните часови и сместување во хотел. Вечерта по желба, прошетка во центарот на градот.                      Ноќевање.

 

3 ден:       10. Март 2018                               САРАЕВО

Појадок. Разгледување на градот со локален водич : Врело Босне, Грбавица, Евангелистичката црква, Народниот театар, Градското собрание, потоа се продолжува пеш низ Башчаршија, Кјунџилак, Величествената Газихусревбегова Џамија, еврејскиот Храм и црква, Катедралата. Слободно попладне за индивидуален разглед и шопинг.                                                           Ноќевање.

4 ден:       11. Март 2018                               САРАЕВОМОСТАРБИТОЛА

Појадок. Поаѓање за Мостар.Патуваме низ кањонот на Неретва, една од најубавите реки на балканот, низ прекрасни живописни предели.Во Мостар прошетка низ стариот град зачуван од времето на Османлиите, кога градот бил главниот трговски центар во регионот.Незаборавен поглед и прошетка преку Стариот Мост и доживувањето ке биде комплетно. Слободно време во Старата Чаршија и можност за шопинг на единствени ракотворби и накит по многу поволни цени. Поаѓање за Битола во вечерните часови. Ноќно возење преку Црна Гора и Албанија со попатни паузи.

 

5 ден:       12. Март 2018                               МК

Пристигнување во Македонија во пладневните часови.                             Крај на програмата.

 

ЦЕНА: 5.600 МКД

 

Цената вклучува:

  • Превоз на дадената релација со туристички автобус
  • Сместување во хотел на база 2 ноќевања со појадок
  • Разгледување на Сараево со локален водич
  • Попатни посети на Златибор, Мокра Гора, Вишеград
  • Организација и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

  • Влезници за културно историските споменици
  • Посета на Мостар = 5 еур
  • Патничко осигурување
    • Се она што не е наведено во програмата или е наведено како факултативно

 

 

 

Краен рок за пријавување 10.02.2018

Цената е вкалкулирана на база од најмалку 40 лица.

Составен дел на аранжманот се и општите услови на работење на Балојани- Битола