info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Цена: 15% попуст за рана уплата

ФУРКА

Едно од најпривлечните места, сместено на западната страна на полуостровот Касандра во областа Халкидики. Се наоѓа на 100 км од Солун, оддалечено 5 км од Сивири и 10 км од Калитеа. Претставува идеално место за оние кои сакаат опуштено и мирно летување.

Него го карактеризираат преубави песочни плажи, опкружени со бујна медитеранска вегетација, со кристално чиста и топла вода.

Го препорачуваме за фамилијарни, незаборавни одмори.

За целосна уплата до 15-ти Декември- 20%Попуст|ТРЕТО и ЧЕТВРТО Лице во АПП БЕСПЛАТНО

Вила Флегос  Вилата се наоѓа во близина на плоштадот во Фурка, во мирен дел, оддалечена 3 мин. од песочната плажа. Располага со убаво уредени трокреветни и четворокреветни апартмани на приземје и прв спрат. Сите апп се опремени со нов мебел,  комплетна кујна, ТВ, клима уред (вклучен во цена), бања. Има простран двор.

flegos

Вила Палаис Де Фурка  Се наоѓа на само 1мин. од прекрасната песочна плажа, во мирниот дел на градчето Фурка. Од центар е оддалечена околку 5мин. Опкружена со многу зеленило со голем приватен паркинг  и содржини за деца во дворот.  Располага со четворокреветни апартмани на приземје, сите опремени со Тв, клима (вклучена во цената), тоалет, мини кујна комплетно опремена и големи тераси кон  дворот.

palais

Вила Јанис Вилата се наоѓа во центарот  на Фурка, во мирен дел, оддалечена 2 мин. од песочната плажа. Располага со убаво уредени  трокреветни апартмани на  прв спрат. Сите апп се опремени со нов мебел, со една спални со  стандарди кревети одвоени со врата,  комплетна кујна, ТВ, клима уред (вклучен во цена), бања..

janis

furka-2017

  • Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур =61.8 мкд.)
  • Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен автобуски превоз.
  • За пакет аранжман од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 15 еур од вкупната цена по лице.
    • Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања
    • Во мазонет се наплаќаат три полни суми, четврто и петто лице плаќаат само превоз
    • Трето и четврто лице во АПП бесплатно сместување, плаќаа само превоз
    • Цена за превоз за дете од2-11.99 год.- 25 еур / 545 мкд
    • Цена за превоз за возрасен 35 еур/ 2.163 мкд

(Рана резервација -15 % ПОПУСТ со сопствен превоз за уплата до 15 Декември)

 НАПОМЕНА:

  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 по локално време, а се напуштаат во 09:00 по локално време последниот ден!
  • За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
  • Поаѓање од Скопје од Автобуска Станица во 05:00ч
  • Враќање последниот ден во попладневните часови!

ВАЖНА НАПОМЕНА:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1еур = 61.8 мкд).
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
  • За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
  • За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Балојани

furka-map