info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Грција
Цена: од 32 ЕУР
Book Now!

Откако ќе ве земеме од вашиот хотел, ќе ве однесеме во Грција и ќе ги посетиме античките археолошки локалитети кај Пела и Вергина, како и културните богатства на Солун.

Оваа тура ќе ве однесе до Пела – главниот град на античкото македонско кралство на Филип II и Александар Велики. Таму ќе го посетиме археолошкиот локалитет, како и музејот и ќе видиме артефакти од античкиот период. Потоа ќе ја посетиме и кралската гробница на македонскиот крал Филип II (денес музеј), во Вергина – најстарата античка македонска престолнина. Ќе продолжиме до Солун за да ги видиме многубројните културно – историски споменици, меѓу кои што се: византиските цркви, римските споменици, археолошкиот музеј, катедралата Св. Димитрија и познатата Бела Кула.

Тип на Тура: Еднодневна археолошка тура
Поаѓање: Битола; По желба организиран трансфер од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 1 ден           
Активности: Културно наследство; Античка археологија; Разгледување.
Ниво на тежина: Лесно                  
Максимална големина на групата: 8 лица
Вклучени услуги: Патни трансфери, разгледи со водич

Цена од: 32 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Ручек во ресторан + 15 евра по лице

На барање:
Организираме трансфери со соодветно возило во двата правци, од места оддалечени најмногу до 100 км од Битола. Цената на трансферот зависи од бројот на патниците.