info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 25 Apr 2019 - 29 Apr 2019
Локација: Грција
Транспорт: Автобус+Брод
Цена: 7.700 денари
Book Now!

ден: 25.04.2019(Велики Четврток)Битола – Игуменитца – КРФ

Поаѓање од Битола во 24.00 часот (паркинг – спортска сала). По граничните формалности, продолжување за Игуменитца со попатни одмори. Ноќно возење…..

2 ден:    26.04.2019(Велики Петок)           КРФ – Ахилеон

Пристигнување во Игуменитца. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време до 16.00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. После разгледот на палатата, се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симболот на островот. Сето тоа трае до 21.00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големит хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија- оплакувањето на Христос                                                                                                                                                  Ноќевање

3 ден:    27.04.2019(Велика Сабота)          КРФ

Појадок.Претпладнето започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Слободно време за индивидуален разглед. Во попладневните сативраќање во хотелот. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се ожекува величенствениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси инпонзантен огномет, асето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во хотелот.                              Ноќевање.

4 ден     28.04.2019(ВЕЛИГДЕН)КРФ – ПАЛЕОКАСТРИСА

Појадок.ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН – ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното традиционалното – се кршат јајца. Во пладневните часови се поаѓа Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатно се посетува фабриката за пијалоци и слатко од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица, за индивидуални активности. Во попладневните сати враќање во хотелот.

5 ден     29.04.2019                         КРФ – ЈАНИНА-БИТОЛА

Појадок.Во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменитца,а потоа  продолжување со автобус за Битола, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови. Крај на програмата

 

ЦЕНА ВО ХОТЕЛ 3*: 7.700, ден

 

Цената вклучува:

  • Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма

Превоз со брод на релација: Игуменица – Крф – Игуменица

  • 3 ноќевањаво хотел 3* со појадок (секоја соба АЦ,ТВЦ,ТВ)
  • Панорамски разглед на градот, брдото Канони, Палеокастриц
  • Посета на палатата Ахилеон – влезницата се наплаќа на лице место
  • Организација подготовка и водство на аранжманот

Цената не вклучува:

  • Влезници во локалитетите што се посетуваат по програмата
  • Се што не е наведено во програмата или е наведено како факултативно

Цената е вкалкулирана на база од најмалку 40 лица

 

Составен дел на аранжманот се и Општите услови на работење на

 

Т.А. БАЛОЈАНИ ДМЦ БИТОЛА