info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 дена
Локација: Македонија
Цена: од 30 ЕУР
Book Now!

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе го посетиме археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис кај Битола, средновековните цркви во Прилеп и археолошкиот локалитет во Стоби. Факултативна посета на локална винарија со дегустација на вино и традиционални закуски.

На оваа тура ќе ги посетите и видите деловите на историјата и културното наследство кои што останале во Битола, Прилеп и Стоби – од античките, средновековните, отоманските и подоцнежните периоди. Во Битола, ќе ја посетиме Хераклеја Линкестис – древниот град кој некогаш бил важна точка на патот Виа Игнација. Со своите шарени мозаици, стариот театар и базилики, Хераклеја ќе ви даде прозорец во доцно-римскиот и раниот византиски период.
Во Прилеп, ќе ги посетуваме средновековните цркви со своите фрески и архитектура од византискиот период. И најпосле, ќе ги истражуваме античките урнатини на Стоби – еден од најважните градови од римскиот период. Таму, ќе добиете шанса да видите некои од најдобро сочуваните мозаици, јавни бањи и други древни римски градби во Македонија. Исто така има можност да ја посетите локалната винарија во близина на Стоби и да вкусите некои од најдобрите македонски вина.


Тип на Тура: Еднодневна археолошка тура
Поаѓање: Битола и од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 1 ден           
Активности: Културно наследство; Античка археологија; Дегустација на вино.
Ниво на тежина: Лесно      
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги: Патни трансфери, разгледи со водич

Цена од: 30 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Винска тура со ручек и дегустација на вина + 15 евра по лице