info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Национален Парк Маврово
Цена: од 30 ЕУР
Book Now!

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе ве префрлиме до Националниот парк Маврово. На оваа тура ќе ги посетиме селата: Галичник, Ростуше и Јанче, како и Бигорскиот манастир (Св. Јован Крстител).

На оваа тура ќе поминеме еден ден истражувајќи ја руралната област околу Националниот парк Маврово. Таму ќе ги посетиме старите села и ќе гп видиме нивниот традиционален начин на живот. Ќе добиете шанса да го пробате локално познатото галичко сирење, да слушните за вековната свадбена церемонија, како и да видите како овие рурални области ја негууваат својата традиционална култура, коегзистирајќи со природата околу нив. Како дел од авантурата ќе го посетиме и манастирот Св. Јован Крстител – познат како Бигорски манастир. Во рамките на главната црква ќе го видите најубавиот дрвен резбан иконостас – најголем во светот. Исто така, ќе дознаеме за историјата на манастирот, главната црква и начинот на живот на монасите.

Тип на Тура: Еднодневна рурална авантура
Поаѓање: Битола и од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 1 ден          
Активности: Рурални култури; Пешачење;Традиционална кујна.
Ниво на тежина: Лесно      
Опрема:
Рекреативни, водоотпорни чевли и јакни (пожелно)   
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги: Патни трансфери, разгледи со водич

Цена од: 30 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Ручек со традиционална храна + 12 евра по лице
Пикник ручек + 7 евра по лице