info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Метеори, Грција
Цена: од 32 ЕУР

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе ве однесеме во Грција, каде што ќе го посетиме манастирскиот комплекс Метеора – изграден на врвите на огромни карпи.

На оваа тура ќе добиете шанса да го посетите регионот на Метеора во Грција – познат по своите православни манастири и цркви кои се изградени на врвовите на огромни карпи, уште од XI век. Во манастирите ќе можете да видите интересни живописни фрески, како и некои од предметите и просториите што ги користеле монасите во минатото. Попатно ќе посетиме и работилница за икони и реликвии, а ќе застанеме и во малото градче Каламбака, кое што се наоѓа во подножјето на карпите.

Тип на Тура: Еднодневна културолошка тура
Поаѓање: Битола; По желба организиран трансфер од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 1 ден           
Активности: Културно и религиско наследство; Разгледување.
Ниво на тежина: Лесно                  
Максимална големина на групата: 8 лица
Вклучени услуги: Патни трансфери, разглед со водич

Цена од: 32 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Ручек во ресторан + 15 евра по лице

На барање: Организираме трансфери со соодветно возило во двата правци, од места оддалечени најмногу до 100 км од Битола. Цената на трансферот зависи од бројот на патниците.