info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Национален Парк Пелистер
Цена: од 15 еур
Book Now!

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе тргнеме со теренско возило до големото глацијално Езеро на врвот на Баба планина – возејќи низ алпската дивина на Националниот парк Пелистер. Факултативно пешачење од Мало до Големо Езеро со прекрасни панорамски погледи на Преспанското Езеро и Пелагониската котлина.

Оваа авантура со теренски џип ќе не однесе по падините на планината Пелистер до т.н. „Пелистерски Очи“– глацијалните езера во близина на врвот на планината. Ќе возиме низ алпските шуми и повисоките тундра – терени на планината, за да стигнеме до Големо Езеро на 2218 m н.в. (поголемото од двете езера). Вие исто така можете да одите на умерено, едночасовно пешачење од малото до големото глацијално езеро. Таму ќе застанеме кај планинарската куќа, ќе се релаксираме покрај брегот на езерото, ќе разменуваме искуства со планинарите и ќе уживаме во величествениот поглед околу планината.

Тип на Тура: Еднодневна оф-роуд авантура      
Поаѓање: Битола; По желба организиран трансфер од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 7 часа од Битола  
Активности: Теренско возење со џип; Пешачење.
Ниво на тежина: Лесно до Средно          
Опрема: Полупрофесионални, водоотпорни чевли и јакна (пожелно)
Максимална големина на групата: 8 лица
Вклучени услуги: Патни и теренски трансфери, влез во Националниот парк

Цена од: 15 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Пикник ручек + 5 евра по лице

На барање: Организираме трансфери со соодветно возило во двата правци, од места оддалечени најмногу до 100 км од Битола. Цената на трансферот зависи од бројот на патниците.