info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Национален Парк Пелистер
Цена: од 15 еур
Book Now!

Откако ќе ве земеме од вашиот хотел, ќе ве префрлиме до Националниот парк Пелистер и ќе започниме со искачување до глацијалните езера во близина на врвот на планината (Големо и Мало Езеро). За време на искачувањето ќе ја видите ендемичната алпска флора и остатоците од глацијалниот период во Националниот парк.

Дојдете на еднодневно планинарско пешачење на планината Пелистер, до т.н. „Пелистерски Очи“. Искачувањето ќе започне од селото Ниже Поле на 1000 метри надморска височина и продолжува по планинските падини, прво до големото глацијално езеро – Големо Езеро, на 2218 m н.в. По желба, факултативен ручек – пикник или подготвен оброк во планинарскиот дом, а потоа продолжуваме до помалото глацијално езеро – Мало Езеро. За време на планинарењето до езерата, ќе ги видите дивите потоци на Пелистер, двете планински езера (остатоци од глацијалниот период), како и реткиот праисториски тип на бор – Моликата.

Тип на Тура: Еднодневна планинска авантура
Поаѓање: Битола; По желба организиран трансфер од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 8-10 часа со паузи
Почетна точка:  Село Ниже Поле, на 1000 m н.в.          
Највисока точка:
 Големо Езеро, на 2218 m н.в. 
Активности: Планинарење; Истражување во природа.
Ниво на тежина: Средно   
Опрема: 
Професионални, водоотпорни чевли и јакна (задолжително)          
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги: Патни трансфери, планинарење со водич, влез во Националниот парк

Цена од: 15 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Пикник ручек + 5 евра по лице

На барање: Организираме трансфери со соодветно возило во двата правци, од места оддалечени најмногу до 100 км од Битола. Цената на трансферот зависи од бројот на патниците.