info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 2 дена
Локација: Национален Парк Маврово
Цена: од 110 еур
Book Now!

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе ве пренесеме до Националниот парк Маврово. Таму ќе се искачиме до највисокиот врв во Република Македонија – Кораб, истражувајќи ја дивата убавина на Националниот парк. Ноќевање кај Мавровското Езеро. Вториот ден ќе го посетиме селото Галичник, со факуталтивно планинарење до врвот Меденица.

Првиот ден од оваа планинарска авантура во Националниот парк Маврово, ќе се искачиме до највисокиот врв во Македонија – Кораб (2.764 m н.в.). За време на искачувањето ќе ја видите чистата, недопрена природа, бројни стада овци и величенствената панорама на околните планини. Попладнето ќе продолжиме до Мавровското Езеро, каде ќе ноќеваме. Вториот ден ќе го посетиме живописното село Галичник, каде ќе запознаеме некои од гостопромливите жители и ќе слушнеме за вековно стариот обичај – свадбата во Галичник. Попатно ќе имаме можност да посетиме и некое од традиционалните бачила и да го пробаме локалното сирење. По желба, постои можност да се продолжи со искачување по падините на планината Бистра, до врвот Меденица (2.250 m н.в).

Тип на Тура: Дводневна планинска авантура.
Поаѓање: Битола и од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 2 дена        
Почетна точка: Стрезимир, на 1,400 m н.в.        
Највисока точка: Врв Кораб, на 2,764 m н.в.      
Активности: Планинарење; Истражување во природа; Рурални култури.
Ниво на тежина: Тешко     
ОпремаПрофесионални, водоотпорни чевли и јакна (задолжително)          
Максимална големина на групата: 8 лица
Вклучени услуги: Патни и теренски трансфери, планинарење со водич, влез во Националниот парк, 1 ноќевање со доручек

Цена од: 110 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Ручек или вечера со традиционална храна + 12 евра по лице;
Хотелски полупансион со вечера + 8 евра по лице;
Пикник ручек + 7 евра по лице;