info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Битола - околина
Цена: од 20 еур
Book Now!

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе ве однесеме на уникатно патување, посетувајќи ги рововите, патеките и локациите на битките од времето на Првата светска војна.

Оваа авантура вклучува теренско возење со џип, како и кратко пешачење по патеките на војниците кои се бореа по јужниот фронт за време на Првата светска војна – гледајќи ги и одејќи по старите ровови и локациите на престрелките и битките. Ќе поминеме на места каде што војниците некогаш ги имаа своите бази; каде што живееле и се бореле. Во тек на разгледот ќе дознаете за личните приказни на некои од војниците, како и за начинот на кој што бил создаден фронтот, како се одведувале битките и како на крајот победиле сојузниците.


Тип на Тура: Еднодневна воено-историска авантура.
Поаѓање: Битола; По желба организиран трансфер од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 8 часа од Битола  
Активности: Теренско возење со џип; Историско истражување; Пешачење.
Ниво на тежина: Лесно и Средно 
Опрема:
Рекреативни, водоотпорни чевли и јакни (задолжително)     
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги:  Патни и теренски трансфери, пешачење и разглед со водич     

Цена од: 20 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Пикник ручек + 5 евра по лице    

На барање: Организираме трансфери со соодветно возило во двата правци, од места оддалечени најмногу до 100 км од Битола. Цената на трансферот зависи од бројот на патниците.