info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 2 дена
Локација: Национален Парк Маврово
Цена: од 110 еур
Book Now!

 

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе возиме до Националниот парк Маврово. Таму, во придружба на ренџери од паркот, ќе ја набљудуваме чистата планинска дивина, како и ќе имаме фер шанса да следиме траги и посматраме кафеави мечки, ендемски диви кози и други големи цицачи во нивните природни живеалишта. Исто така, можеме да учествуваме во сезонски заштитарски активности под надзор на ренџерите од Паркот.

На првиот ден од експедицијата ќе присуствуваме на секојдневните активности на Националниот парк за заштита на природата и ќе научиме за одржливото користење на шумските производи од биоинженерот на паркот. Ќе им се приклучиме на ренџерите во паркот на теренско возење со џип и пешачење, за да учествиваме во сезонските операции за заштита и прихрана на загрозените видови во паркот. По завршувањето на пешачењето, ќе се вратиме до Мавровското Езеро, каде што ќе преноќиме. Вториот ден од оваа авантура, во раните утрински часови, ќе заминиме на посматрање на мечки и други диви животни, во придружба од ренџерите во Паркот. За време на посматрањето ќе бараме траги кои што мечките ги оставиле додека минуваале низ шумата. Исто така, ќе набљудуваме и некои од влезовите на пештерите во планината, со цел да забележиме некои од мечките, ендемичните диви кози или други големи цицачи.
Тип на Тура: Дводневна авантура во дивина
Поаѓање: Битола и од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 2 дена        
Активности: Посматрање и заштита на дивиот свет; Теренско возење со џип; Пешачење
Ниво на тежина:  Средно  
Опрема: 
Професионални, водоотпорни чевли и јакни (задолжително)          
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги: Патни и теренски трансфери, влез во Националниот парк, придружба од ренџер, пешачење и разгледување со водич, 1 ноќевање со доручек
                                                                               
Цена од: 110 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Ручек или вечера со традиционална храна + 12 евра по лице;
Хотелски полупансион со вечера + 8 евра по лице;
Пикник ручек + 7 евра по лице;