info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 или 2 дена
Локација: Национален Парк Пелистер
Цена: од 45 еур
Book Now!

Започнуваме во раните утрински часови, кога ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе возиме до Преспанскиот регион и западните падини на Националниот парк Пелистер. Таму, во придружба на ренџер, ќе имате фер шанса да следите траги и посматрате кафеави мечки и други големи цицачи во нивното природно живеалиште. Потоа, ќе продолжиме со посматрање на птици – пловејќи преку Преспанското Езеро и пешачејќи на островот Голем Град. По желба, експедицијата може да се продолжи со ноќевање во едно од локалните села, што ќе ви даде повеќе можности за посматрање на дивиот свет и рурално истражување.

Првиот ден од авантурата започнува во раните утрински часови со теренско возење по западните падини на планината Пелистер. Првата дестинација е посматрачката колиба, каде што нашиот ренџер ќе ве информира за некои од животните кои живеат во Националниот парк. Од таму, ќе започнеме со експедицијата – следејќи го ренџерот до повисоките падини на планината. По патеката, ќе застанеме да извршиме прегледување на некои од камерите за следење на дивите животни, за да видиме кои животни се движеле таму. Кога ќе стигнеме на одредените локации, ќе застанеме и ќе ја посматраме околината, со цел да забележиме некои од кафеавите мечки или други диви животни што живеат во околината (диви свињи, срни, диви кози, итн.).Дополнително, авантурата може да се продолжи до втор ден,  со ноќевање во локална гостинска куќа во едно од селата околу Преспанското Езеро. Ќе имате шанса да вкусите домашно зготвено јадење, подготвено со локално одгледувани состојки.Вториот ден од авантурата ќе одиме на експедиција за посматрање на птици околу Преспанското Езеро. Пловењето со чамец преку езерото е еден од најдобрите начини да се посматраат пеликаните и кормораните кои живеат околу езерото и се гнездат на островот Голем Град. На островот ќе ја истражиме островската медитеранска џунгла, во која ќе сретнеме и други локални животински видови, како и археолошки остатоци од античкиот и средновековниот период.Остатокот од денот можеме да го искористиме за рурално истражување на некои од околните села, или пак да уживаме во убавите плажи на Преспанското Езеро.


Тип на Тура: Еднодневна или дводневна авантура во дивина
Поаѓање: Битола и од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 1 или 2 дена          
Активности: Посматрање на дивиот свет; Пешачење; Теренско возење со џип; Пловење со чамец; Рурални култури.
Ниво на тежина:  Средно  
Опрема:  
Професионални, водоотпорни чевли и јакни (задолжително)          
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги: Патни и теренски трансфери, влез во Националниот парк, придружба од ренџер, разглед со водич, пловење со чамец*, 1 ноќевање со доручек *.        

Цена од: 45 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Ручек или вечера со селска храна + 12 евра по лице
Пикник ручек + 5 евра по лице