info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 4 ноќевања / 6 дена
Локација: Македонија, Грција, Турција, Бугарија
Транспорт: Автобус
Цена: 12.990 ден. (211 еур)
Book Now!

ПРОГРАМА: 4 ноќи / 6 дена

1 ден: БИТОЛА – ВОДЕН – СОЛУН
Поаѓање од пред Спортска сала во 07:00 часот. Посета на Воден со прочуените водопади. Продолжување за Солун, со попатна посета на Пела, родното место на Александар Македонски. Разглед на археолошкиот локалитет и музејот. Пристигнување во Солун раните попладневни часови. Панорамски разглед на градот: улицата Игнација, Галериевата капија, Белата Кула, плоштадот Аристотел и посета на катедралата Св. Димитрија со моштите на Светецот. Слободно време со можност за посета на еден од познатите шопинг центри. Продолжување за Истанбул со ноќно возење и попатни паузи…

2 ден: ИСТАНБУЛ
Пристигнување во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич: Европскиот и Азискиот дел, Аквадуктот, мотот Галата, Златниот рог, Патријаршијата, плоштадот Таксим. По желба посета на Аквариумот, еден од најголемите во Светот. Слободно време со можност за посета на еден од познатите шопинг центри. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден:
ИСТАНБУЛ
Појадок. Посета и разглед на знаменитостите со локален водич: Хиподромот, Св. Софија, Сината Џамија, палатите-музеи Топ Капи и Долма Бахче… Можност за панорамско крстарење по Босфорот. Ноќевање.

4 ден: ИСТАНБУЛ – СОФИЈА
Појадок. Поаѓање према Бугарија и пристигнување во Софија во попладневните часови. Панорамски разглед на градот. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден: СОФИЈА – БАНСКО
Појадок. Разглед на градот и знаменитостите со локален водич. Слободно време со можност за посета на еден од познатите шопинг центри. Поаѓање за Банско со попатна посета на Рилскиот манастир. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Можност за вечерна прошетка и уживање во богатиот ноќен живот, или релаксирање во велнес центарот во хотелот. Ноќевање.

6 ден: БАНСКО – МЕЛНИК – БИТОЛА
Појадок. Поаѓање према Мелник со попатна посета на Сандански. Посета и разглед на Мелник: Кордополовата куќа со дегустација на традиционално вино и подземните тунели, собата на Јане Сандански. Посета на Рожденскиот манастир, гробот на Јане Сандански, како и на месноста Рупите и црквата на Баба Ванѓа. Продолжување према Македонија и пристигнување во Битола во вечерните часови. Крај на програмата.

Доплата за еднокреветна соба = 3.700 денари (60 еур)
Цената е вкалкулирана на база од минимум 30 патници по автобус
За реализација на патувањето важат Општите услови на Балојани ТС и СКТМ
Цената вклучува:
– Сместување во хотели со 3*/4* на база 4 ноќевања со доручек во 1/2 и 1/3 ТВЦ соби
– Превоз со високо-туристички климатизирани автобуси и минибуси по програмата
– Сите посети и разгледи по програмата со лиценцирани водичи
– Наша организација, логистика и лиценциран водич/пратител по програмата
Цената не вклучува:
– Влезници за музеите и локалитетите: доплата за комплет влезници = 4.650 ден (75 еур)
– Факултативно крстарење по Босфорот со вклучен водич = 1.240 денари (20 еур)
– Факултативна посета на Аквариумот еден од најголемите во светот = 670 денари (11 еур)
– Пијалоци и напитоци за време на паузите во текот на програмата
– Се што не е наведено во програмата или е наведено како можно,факултативно или по желба