info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Рурално подрачје околу Преспанско Езеро
Цена: од 25 ЕУР
Book Now!

Ќе ве земеме од вашиот хотел, за да го истражуваме руралното подрачје околу Преспанското Езеро, каде што ќе го посетиме фолклорниот музеј во Подмочани, како и селата Брајчино, Љубојно и Стење.

На ова авантура ќе патуваме околу Преспанското Езеро – второто по големина тектонско езеро во Македонија. Прво ќе застанеме да го посетиме фолклорниот музеј во селото Подмочани, во кој се прикажани стари артефакти, традиционални носии и алатки, како и музички инструменти. Исто така, ќе ја посетиме манастирската црква од XII век во Курбиново, во која што се насликани вредни фрески. Следни на агендата се селата Љубојно и Брајчино, каде што можеме да прошетаме по улиците и да се восхитуваме на традиционалната архитектура на камените селски куќи. Овде можеме да направиме пауза за ручек во локална кафеана која служи домашно зготвени јадења направени со локално одгледувани состојки. Потоа, ќе го посетиме селото Стење и градот Ресен, пред да се вратиме на нашата почетна точка.
Тип на Тура: Еднодневна рурална авантура
Поаѓање: Битола и од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 1 ден          
Активности: Рурално истражување; Пешачење; Традиционални култури и кујна.
Ниво на тежина: Лесно      
Опрема:
Рекреативни, водоотпорни чевли и јакна (пожелно)   
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги: Патни трансфери, разгледи со водич         

Цена од: 25 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Ручек или вечера со селска храна + 12 евра по лице
 Пикник ручек + 5 евра по лице