info@balojani.com.mk + 389 47 220 204 +389 75 372 100
Времетраење: 1 ден
Локација: Национален Парк Пелистер
Цена: од 18 еур
Book Now!

Ќе ве земеме од вашиот хотел и ќе ве пренесеме до Информативниот центар на Националниот парк Пелистер. Од таму ќе се искачиме по камената патека, за да стигнеме до врвовите Стив, Илинден и Пелистер, минувајќи низ боровата шума на ендемичната Молика, како и драматичните глацијални морени. На слегување ќе поминеме по историската патека од Првата светска војна.
Искачувањето ќе започне од хотелот Молика, од каде што ќе продолжи по означената планинарска патека со запирање за одмор по патот. Ќе се искачиме до врвот Пелистер (еден од највисоките на Балканот – 2.601 m н.в.), а за време на планинарењето ќе ги видиме остатоците од глацијалниот период – импресивните „камени реки“, ќе пешачиме низ густитата шума од редок праисториски тип на бор со 5 игли – Моликата и ќе ја набљудуваме ендемична алпска флора и фауна. Од планината Пелистер ќе имате прекрасен поглед на околните области – Пелагониската котлина и Преспанското Езеро. На патот надолу од планината ќе поминеме низ историската патека од Првата светска војна, со кратки застанувања на информативните постови по должината на патеката.

Тип на Тура: Еднодневна планинска авантура
Поаѓање: Битола; По желба организиран трансфер од места оддалечени макс.100 км.
Времетраење: 12-13 часа со паузи          
Почетна точка:  Хотел Молика, на 1400 m н.в.  
Највисока точка:
 Врв Пелистер, на 2601 m н.в. 
Активности: Планинарење; Истражување во природа.
Ниво на тежина: Тешко     
Опрема: 
Професионални, водоотпорни чевли и јакни (задолжително)          
Максимална големина на групата:
8 лица
Вклучени услуги: Патни трансфери, планинарење со водич, влез во Националниот парк

Цена од: 18 евра по лице

Не се вклучени: Оброци, пијалоци, лична опрема и осигурување, влезници
Дополнително (по желба): Пикник ручек + 5 евра по лице

На барање: Организираме трансфери со соодветно возило во двата правци, од места оддалечени најмногу до 100 км од Битола. Цената на трансферот зависи од бројот на патниците.